Македонија
Проектот „Охрид трчаТ“ ќе се промовира на атлетски маратон во Дубровник

Најголемиот спортски настан во Охрид, популарен како „Охрид трчаТ“, викендов на 28 и 29 април ќе биде промовиран на престижниот атлетски маратон што ќе се одржи во еден од најубавите и најпосетувани градови во Хрватска, Дубровник.
Осумчлената експедиција од тимот на „Охрид трчаТ“ ќе биде задолжена да го промовира атлетскиот викенд на саемот за трки и организации на кој ќе присуства целата светска маратонска елита.
„Проектот ‘Охрид трчаТ’ сакаме да го презентираме во најдобрo светло пред светската јавност. Во Дубровник одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот атлетски викенд и да собереме сили за финалните подготовки што нè очекуваат“, велат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за sпорт“, која е организитор на „Охрид трчаТ“.
„Охрид трчаТ“ на 3 јуни низ улиците на Охрид ќе се одржи по вторпат, а првото издание собра повеќе од 500 маратонци од регионов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење? Додека СДС секојдневно сее лаги, измислици и зборува за сиромаштија, нивниот претседател Филипче, со нивниот поранешен претседател Заев, плови по Егејското море во луксузна јахта вредна милиони“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека СДС секојдневно сее лаги како лошо се живее, нивниот Венко Филипче ужива и очигледно го нема проблемот за кој зборува неговата партија на прес-конференции. Напротив живее живот кој лекари од неговата професија од многу поразвиени држави не можат да го живеат.
Венко Филипче треба да одговори како со лекарска плата стигна до луксузно пловење на јахта? Но и по скапи ресторани, пред кои медиумите пишуваат дека бил фотографиран?
Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?
Доколку јахатата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена?
Дали оваа јахта е купена со пари од тендери или фирми поврзани со тендери, како главни или подизведувачи?
Очекуваме одговори од СДС и Венко Филипче, а секако и од ЈО, ако главниот обвинител Коцевски смее воопшто да отвори постапка или ќе спие до избори“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
На Табановце се чека околу 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање е околу 45 минути.
На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Мицкоски: Одвоени се 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти.
„Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. Севкупно од првиот и вториот беа околу 35- 36 објекти, а вкупната инвестициска вредност надминуваше 720 милиони денари. И ќе продолжиме во таа насока“, рече тој и додаде:
„Се завршуваат оние проекти кои што во минатото беа отпочнати па заборавени, како што беа базените итн. Така што се што било започнато, завршуваме, но и онаму каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено“.