Црна хроника
Кривични пријави против поранешен директор и раководител на кавадаречки „Комуналец“
СВР Велес во два одделни случаи поднесе кривични пријави против поранешниот директор на „Комуналец“ од Кавадарци И.А. и поранешниот раководител на „Водовод и канализација” при ЈП „Комуналец” Кавадарци, М.П, кои ја злоупотребиле службената положба причинувајќи материјална штета на буџетот на државата и на буџетот на „Комуналец“ од вкупно 3.402.861 денари.
Според информациите, тие во текот на 2013 година, И.А. како директор на „Комуналец“ и М.П. како раководител на „Водовод и канализација” при ЈП „Комуналец“, при реконструкција на водоводната мрежа во Кавадарци, која по претходно добиен тендер требало да ја вршат фирмите „ЦМЦ” ДОО од Скопје и и подизведувачот „Градба промет” од Кавадарци, издале наредба во изведувањето на работите да се вклучи и Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци. И покрај тоа што целокупната работа на дел од трасата ја изработило ЈП „Комуналец”, тие ја прифатиле завршната ситуација од фирмата од Скопје, според која таа ја извела целокупната работа, по што ја исплатиле целата сума за извршената реконструкција.
Управителот на „ЦМЦ” ДОО Скопје Д.К., како и управителот на „Градба промет” од Кавадарци Д.Т., и покрај тоа што знаеле дека дел од трасата ја изработило ЈП „Комуналец”, изготвиле завршна ситуација во која навеле дека тие ги извеле сите работи по целата должина на трасата.
Управителот на фирмата „Хидроградежен инженеринг” ДОО Скопје, Љ.Г., која била ангажирана за надзор на изведените работни активности, потврдил дека работните активности биле изведени во целост од фирмите изведувачи. На овој начин пријавените предизвикале материјална штета на ЈП „Комуналец” од Кавадарци и буџетот на Република Македонија од 1.876.926 денари.
Во вториот случај, во текот на 2015 годин, на ист начин ексдиректорот на „Комуналец“ И.А. и ексраководителот на „Водовод и канализација” при ЈП „Комуналец“ М.П., и покрај тоа што знаеле дека при реализација на проектот за реконструкција на Ваташката водоводна линија од страна на фирмата-изведувач „Трасер” биле изведени работни активности во помал обем од предвидените, односно и во овој случај работните активности биле изведени од страна на ЈП „Комуналец“, повторно била прифатена завршната ситуација од изведувачот според која наводно таа фирма ги извела целокупните работни активности, по што ја исплатиле целата сума за извршената реконструкција.
Управител на фирмата „Трасер”, С.С, и покрај тоа што знаел дека дел од работните активности ги извел ЈП „Комуналец”, изготвил завршна ситуација во која навел дека неговата фирма ги извела сите работни активности, по што ја доставил за наплата до ЈП. Управител на фирмата „Викас” ДООЕЛ Скопје, В.Т., која била ангажирана за надзор на изведените работни активности, потврдила дека работните активности биле изведени во целост од фирмата изведувач. На овој начин, пријавените предизвикале материјална штета на ЈП „Комуналец” од Кавадарци и буџетот на Република Македонија од 1.525.935 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.
Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.
Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.

