Спорт
Рикјардо: Немам никаков договор со Ферари
Даниел Рикјардо ги отфрли шпекулациите дека има пред-договор со тимот на Ферари и инсистира дека разговарал само со својот сегашен тим Ред бул за својата иднина.
Австралиецот победи на третата трка од новата сезона во Кина, по што се најде во центарот …

Даниел Рикјардо ги отфрли шпекулациите дека има преддоговор со тимот на Ферари и инсистира дека разговарал само со својот сегашен тим Ред бул за својата иднина.
Австралиецот победи на третата трка од новата сезона во Кина по што се најде во центарот на шпекулациите за неговата иднина бидејќи Ферари и Мерцедес имаат слободни места за 2019 година.
Италијанските медиуми јасно му порачаа на Ферари да го донесе Рикјардо како замена за Кими Раиконен, но Рикјардо вели дека ништо од тоа не е вистина.
„Можам само да потврдам дека ништо од тие шпекулации не е вистинито и дека разговарав само со Ред бул. И минатата година бев отворен за мојата иднина и секогаш сум бил искрен со Ред бул. Свесен сум дека се пишуваат многу работи, но ништо од тоа не е вистина, барем засега“, вели Рикјардо во Баку, каде што овој викенд се вози азербејџанското ГП.
Рикјардо посочува дека во 2019 сака да биде во болид со кој ќе може да освојува титули, а по извештаите дека Ферари се фокусирани само на Себастијан Фетел, тој јасно порачува дека нема да биде втор возач во ниту еден тим.
„Не би заминал некаде каде што би чувствувал дека нема шанса. Кога некој кажува: ’ќе те пуштиме, но не смееш да го правиш тоа’, тоа за мене не е атрактивна опција. Дали се случува тоа некаде? Не знам. Во Ред бул секогаш биле јасни за тоа од 2014 и би очекувал таква атмосфера и на друго место“, додава Рикјардо.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

