Европа
Илјадници Полјаци на протест за заштита на уставот
Десетици илјади Полјаци излегоа во саботата на протести во главниот град Варшава, како и во неколку други градови како Вроцлав и Познан, барајќи од владата да го почитува уставот, додека истовремено ескалира судирот околу тоа прашање која левата опозиција, уставниот суд и Европската унија имаат спротиставени ставови од владејачките конзервативци.
Виорејќи знамиња на Полска и на ЕУ и извикувајќи „Устав“, масата демонстранти собрани на протестите кои ги организираше опозицијата бара од владата да ја признае одлуката на уставниот суд кој некои од нејзините правни реформи ги стави надвор од законот.
Новата конзервативна влада во Варшава која надмоќно победи на ланските октомвриски избори, во декември го измени законот според кој уставниот суд од петнаесет членови сега мора да ги носи одлуките со двотретинско мнозинство од гласовите и со најмалку тринаесет судии присутни на седницата, наместо досегашните девет. Опозицијата критикува дека сега партијата Правда и справедливост (PiS) може лесно да ја блокира секога одлука на судот која е спротивна на партискиот став и оти го пременила редоследот на предметите за разгледување. Во ова партија, пак, тврдат дека законот воведува ред во Уставниот суд и ги отстранува пречките за спроведување на изборните ветувања.
Полскиот уставен суд во средата и оцени дека главните одредби од новиот закон за нивната работа, која ги усвои конзервативното парламентарно мнозинство, содржат бројни неправилности и причина за сериозна правна криза во Полска, а членовите на конзервативната влада веднаш предупредија дека нема да ја признаат одлуката на судот, бидејќи според нив е донесена спротивно од новиот закон за уставниот суд. Предупредија, исто така, дека нема да ја објават во службениот весник. Одлуката на владата е во спротивност со ставот на Европската унија, која е критична кон споменатите реформи.
Масата луѓе се собра пред зградата на уставниот суд на кој го поставија натписот „Вратете го уставниот поредок, а потоа продолжија кон претседателската палата во стариот историски центар на полската престолнина. Според податокот што го наведе на Twitter градски функционер, се собрале околу 50.000 луѓе, меѓутоа овој податок не може да се провери од независни извори.
„Со години претходно Полјаците протестираа за да го изменат политичкиот систем, Сега протестираме з да се осигуриме дека нема одеднаш да го променат“, изјави пред собраните поранешниот економист на Светската банка, Ришард Петру, челник на либералната опозициска Модерна партија, потсетувајќи на антикомунистичкото движење Солидарност, пренесува Reuters.
Европскептичната PiS е под сé поголем притисок од ЕУ, САД и меѓународни тела и поради законот за медиумите, односно поради тоа што именувањето на челниците во јавните медиуми ги презема министерството за финансии, како и за други институции.
Венецијанската комисија, советодавното тело на Советот на Европа, во петокот предупреди дека „обидот на полската влада да влијае врз ставот на уставниот суд може да го загрози „не само владеењето на правото, туку и функционирањето на демократскиот систем“. Комисијата, исто така, соопшти дека владата мора да ја признае одлуката на највисоката судска инстанца за споменатите реформи.
„Владата ќе побара отчет од парламентот за препораките на Венецијанската комисија, но нема да ја признае одлуката на уставниот суд“, изјави портпаролот на владата, Рафал Боченек.
Иако мислењето на Венецијанската комисија не е обврзувачко, тоа има влијание во Европската комисија којашто веќе започна постапкана следење на владеењето на правото во Полска. Можниот исход е Полска, најголемата источна земја меѓу 28-те членки на ЕУ, да биде суспендирана од гласањата во Европската унија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

