Црна хроника
Продолжен притворот за Шиповиќ
Притворот на Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ за Центар му е продолжен за уште 30 дена.
Вакво решение во петокот попладне донесе Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска донесе решение со кое му се продолжува мерката притвор за нови 30 дена на Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на општина Центар. Шиповиќ пред точно еден месец беше екстрадиран од Австрија во Македонија, кога автоматски почна да му се пресметува времето кога му беше изречена мерката притвор, додека беше отсутен од државата.За ослободување на Шиповиќ од притвор беше понуден стан во вредност од 70.000 евра како гаранција, а претходно и лидерите на опозицијата изразија подготвеност доколку се укаже потреба, да ги понудат своите домови во замена за негово ослободувањеПретседавачот на Советот на Општина Центар и уште други 11 лица, од Скопје и Штип, се товарат за злоупотреби во работењето, односно дека со продажба на стари делови било избегнато плаќање данок во висина од 17 милиони денари, а дека „Машинопромет“ бил оштетен за милион евра. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

