Свет
Поранешниот шеф на ФБИ остро реагира на извештајот за Русија и Трамп
Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, оцени дека извештајот на Комитетот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД за разузнавачки прашања е политички документ.
Имено, во овој извештај се тврди дека не постоел таен договор меѓу Русија и изборниот штаб на Доналд Трамп во врска со претседателските избори од 2016 година. Документот во петокот беше презентиран од страна на пратениците од владејачката Републиканска партија.
Коми за Ен-би-си рече дека неговото разбирање на фактите додека Трамп во мај минатата година не го сменил од позицијата директор на ФБИ не било во согласност со тврдењата на републиканците дека нема докази за заговор меѓу соработниците на Трамп со Русите. Тој истакнал дека не се согласува ниту со процената на актуелниот претседател дека истрагата за руското мешање во американските избори е подметната измама.
Коми смета дека најголема тежина во случајот за руското влијание врз претседателските избори во САД од 2016 година има истрагата што ја води специјалниот советник Роберт Милер.
Поранешниот директор на ФБИ оцени дека работата на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот на САД се политизира. Претседателот на овој Комитет, Девин Нунјес, е критикуван поради тоа што наводно е премногу близок до Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

