Македонија
Ќе протестираме се до конечно одблокирање на сметките, вели Глигорова по изјавата на Заев за намалување на извршителските трошоци
Ветувањето пред изборите дека ќе ги укине извршителите, премиерот Зоран Заев по денешниот протест против извршителите, го сведе само на измени на Законот за извршување со намалување на бројот на тарифите во извршителските служби од 42 на десетина. Најави дека ќе се заложи дел од институциите да се откажат од каматите на долговите, но не кажа ништо за главното барање на денешниот протест – одблокирање на сметките на физичките лица.
Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“, по изјавата на премиерот, вели дека нема компромис околу барањето за одблокирање на сметките и најавува дека протестите ќе се интензивираат.
„Геноцидот е направен токму со блокирање на сметките. Кога на луѓето им е одземена последната можност да го прехранат семејството. Ние нема да се откажеме се до конечно одблокирање на сметките. Очекуваме премиерот да закаже седница на Влада со единствена точка на дневен ред – одблокирање на сметките на физичките лица. Простестите ќе се интензивираат. Планираме еднаш неделно да ги организираме и најверојатно ќе одбереме некој попладневен термин се до исполнување на трите барања“, изјави за „Макфакс“ Глигорова.
Барањата на граѓаните на денешниот протест беа итно одблокирање на сметките, измени на Законот за извршување кои нема да бидат само шминка и враќање на извршителите во рамки на судовите.
Глигорова нагласи дека попладнево добила голем број повици од луѓе од различни градови во Македонија кои и дале поддршка и најавиле дека се подготвени да дојдат на протести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

