Македонија
(Видео) Средба Шекеринска – Матис: Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО
Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство. САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат Македонија запрена пред вратите на Алијансата, било речено на официјалната средба на министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, во Пентагон.
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на почетокот од средбата потсетил на зборовите на министерката Шекеринска на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, околу предизвиците со кои се соочува Западот.
„Бевте убедлива и Вашите зборови доминираа во дискусијата, силно потсетувајќи нè на нашата одговорност да ги одбраниме демократските вредности“, рекол Матис.
„Ние ги цениме вашите напори. Тие ја афирмираат одлукатa на НАТО во Букурешт во 2008, Македонија да добие покана за членство „веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение на прашањето за името“ со Грција. Ја поздравуваме вашата работа со Грција на разрешувањето на ова прашање и се надевам дека наскоро ќе има резултати. Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО. Денешната безбедносна состојба бара дух на пријателство меѓу сите оние кои се залагаат за слобода, основни човекови права и владеење на правото“, рече Матис.
Министерката Шекеринска се заблагодарила на поддршката што Македонија ја добива од САД и потсетила на силниот консензус во државата од нејзиното осамостојување, за членство во НАТО.
„Дозволете ми да ве уверам дека Македонија е подготвена за членство во НАТО. Ние брзо се опоравивме од долгата политичка криза и по еден силен реформски залет, на нас се гледа како на извор на надеж на Балканот. Започнавме важни одбранбени реформи и го зголемивме нашиот придонес во мисијата предводена од НАТО во Авганистан. Докажавме дека сме посветен и сигурен партнер. Наша цел е да бидеме и таков сојузник. Затоа, дозволете ми да ја побарам вашата поддршка како стратешки партнер на нашето членство во НАТО. Поканата за Македонија во јули годинава ќе нè поддржи во нашата стратешка цел, ќе му помогне на регионот во градењето на долготрајна стабилност и ќе ги зголеми влијанието и подготвеноста на САД и НАТО“, рекла Шекеринска.
Ова е прва средба на министри за одбрана на Македонија и САД по 6 години, а се реализира во клучен период, на само два месеци од Самитот на Алијансата во јули во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имат мнозинство (најмалку 61 пратеник).
„Владата ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник. За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса. Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада“, велат од Демократскиот сојуз.
„Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.
Наводната проевропска партија „ги отвори вратите на ЕУ“, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади Албанци.
Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ. Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.