Европа
Франција: Социјалистите се повлекуваат од регионалните избори на север и југ против Лепен
Владејачката Социјалистичка партија (PS) на претседателот Франсоа Оланд пред вториот круг од француските регионални избори, ќе ги повлече изборните листи во северниот и јужниот регион, за да спречи крајната десница Национален фронт (FN) да победи, откако во првиот круг нејзините листи се во убедливо водство, објави ноќта кон понеделникот генералниот секретар на социјалистите, Жан-Кристоф Камбаделис.
Во минатото десниот центар, сега Републиканци, и социјалистичката партија, често на изборите на сите нивоа постигнуваа договори за да го оневозможат кандидатот на Националниот фронт, кој го нарекуваат „нерепубликанска“ сила, да победи. Овојпат пред одржувањето на првиот изборен круг од регионалните избори во неделата, челникот на Републиканците, поранешниот француски претседател Николас Саркози, изјави дека нема да преговара за такво сојузување со социјалистите.
„Во регионите каде што има опасност да победи Националниот фронт, и каде левицата е инфериорна во однос на десницата, Социјалистичката партија реши да создаде републиканска опструкција, особено во регионите Нор-Па-де-Кале-Покарди и Прованса-Алпи-Азурен брег… Во следните пет години социјалистите нема да имаат мандати во регионалните совети на тие региони“, изјави Камбаделис.
Тој, исто така, ги повика Зелените и претставниците на другите партии од левиот спектар да се обединат со Социјалистичката партија во тие региони, каде тие имаат шанси во вториот круг.
Камбаделис ја критикуваше и одлуката на челникот на најголемата опозициска партија – Републиканци – Николас Саркози, кој го отфрли правењето сојуз и повлекување на кандидатските лиси во другите региони.
Според прелиминарните резултати, по првиот круг Националниот фронт е во водство во 6 региони, Републиканците во 4, а социјалистите само во 2. На Корзика во водство е коалицијата на левите сили. Тоа претставува нов уште еден пораз на социјалистите на претседателот Оланд.
Во регионите од кои се повлекува Социјалистичката партија во водство значителна предност се токму челничката на Националниот фронт, Марин Лепен, и нејзината внука Марион Марешал-Лепен
Марин во северниот регион Нор-Па-де-Кале-Пикарди освојува 40 до 41 отсто од гласовите, пред кандидатот на Републиканците (24-15 проценти) и на социјалистите (18-18,5 отсто). Марешал-Лепен, пак, во јужниот регион Прованса-Алпи-Азурен брег, е во водство со 40,9 до 41,9 отсто до гласовите, Републиканците освојуваат 24,5 до 25 отсто, додека социјалистите во овој регион имаат 18 отсто од гласовите.
Во неделата во Франција се одржа првиот круг од регионалните избори, за кои кампањата се водеше во атмосфера на терористичките напади во Париз, а дали партијата од крајната десница Национален фронт (FN) првпат во историјата ќе успее да ја освои власта во еден од регионите, е главното прашање на овие избори кои се последните пред претседателските и парламентарни кои ќе се одржат во 2017 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

