Европа
Лондонци протестираа против бомбардирањето во Сирија и Ирак

Неколку стотици луѓе учествуваа на протесниот марш во саботата попладнето во центарот на британската престолнина Лондон кој заврши пред резиденцијата на премиерот Дејвид Камерон против бомбардирањето од страна на коалицијата предводена од САД врз позициите на џихадистите од Исламската држава на териториите на Сирија и на Ирак.
Неколку стотици луѓе учествуваа на протесниот марш во саботата попладнето во центарот на британската престолнина Лондон кој заврши пред резиденцијата на премиерот Дејвид Камерон против бомбардирањето од страна на коалицијата предводена од САД врз позициите на џихадистите од Исламската држава на териториите на Сирија и на Ирак.
Протестот беше организиран од коалицијата на невладини организации Stop the War Coalition, којашто во 2003 година изведуваше слични акции против американско-британската инвазија во Ирак.
Организаторите на протестот изјавија дека тие сочувствуваат со семејството и блиските на Алан Хенинг, британскиот заложник од чиешто обезглавување од страна на припадници на Исламската држава претходно во саботата на интернет беше поставено видео чиишто позиции ги бомбардира и британското Кралско воздухопловство. Меѓутоа, тие сметаат дека бомбардирањата нема да придонесат да се победи екстремната терористичка организација и само ќе ја усложнат ситуацијата на Блискиот исток.
Во поддршка на протестот истапија и редица познати личности, како актерот Расел Бренд, музичарот Брајан Ино,новинарот Шејмас Милн.
„Бомбардирањето нема да постигне ништо, тоа само ќе ја влоши ситуацијата. По бомбардирањата следува вклучување на копнените сили. Тоа ќе ја направи состојбата уште полоша. Таквите операции секогаш доведуваат до влошување на ситуацијата. На тоа нé учи минатото“, изјави актерот Расел Бренд, пренесуваат британските медиуми.
Пред една седмица британскиот парламент ја изгласа резолуцијата со којашто се одобрува бомбардирањето на позициите на терористичката организација Исламска држава во Ирак. Резолуцијата, сепак, не овозможува ракетни или воздушни удари на британските сили врз позиции на џихадистите во Сирија, ниту ангажирање на копнени трупи во зоната на конфликтот. Доколку британската влада одлучи дека треба да се започне со напади врз Исламската држава во Сирија, тогаш ќе мора да има ново гласање во парламентот.
Истовремено, британските воени ветерани повикуваат да се прошират воздушните удари и врз сириската територија, па дури и во борбата против исламистите да бидат вклучени и копнените војски. Британскиот министер за одбрана Мајкл Фелон, исто така, не ја исклучи можноста британската авијација да преземе напади не само во Ирак, туку во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.