Македонија
Обвинета од ТНТ била претепана за 1 Мај и не дојде на судење
Обвинетата Марика Зафировска во случајот ТНТ за уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски била нападната и претепана за 1 Мај и поради болничко лекување, не дојде на денешното судење.
Адвокатот на Зафировска, Донче Наков, го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани за 1 Мај во викендичка во Катланово по што со возило на брзата помош биле пренесени во болница. Поради повреди на нозете, главата и ‘рбетот, не можела да се движи и e на боледување до 15 мај.
Во судницата денеска не се појави и адвокатот Боро Тасевски, бранител на Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба. Судијата Огнен Ставрев реагира на неговото отсуство бидејќи адвокатот отишол во Струга да го подготвува собранието на Адвокатската комора.
Ставрев рече дека планирал да го казни Тасевски и да ги сноси сите трошоци доколку не беше отсутна обвинетата Зафировска. Побара од Трајковски да не дозволи отсуство на адвоктатот во иднина. Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, Никола Груевски, Тони Трајковски. Судот го одреди 11 јуни за нов датум за судење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

