Европа
Качински го обвини Туск за несреќата од 2010 во која загина неговиот брак близнак

Одговорноста на авионската несреќа во 2010 година во која крај рускиот град Смоленск загина тогашниот полски претседател Лех Качински заедно со уште 95 високи државни функционери и членови на владата во тогашниот премиер Доналд Туск, изјави во понеделникот челникот на владејачката партија Право и справедливост (PiS), Јарослав Качински на комеморацијата за несреќата во која го загуби братот близнак.
Авионот се урна крај Смоленск во Русија, а во несреќата загина и сопругата на претседателот, гувернерот на централната банка и неколку највисоки воени функционери, членови на државната делегација која одеше на комеморација на илјадниците полски жртви во ткн масакр во Катинската шума.
Јарослав Качински, поранешен полски премиер, го нападна актуелниот челник на Европскиот совет Доналд Туск, велејќи дека пред да се даде прошка, мора да се утврдат виновниците и соодветната казна.
„Поранешната влада е одговорна за тоа. Не владата на Ева Копач, секако, владата на Доналд Тус. Прошка е потребна, но прошка откако ќе се утврди виновникот и ќе се добие соодветната казна. Тоа е она што ни е потребно“, изјави Качински на комеморацијата.
Туск беше полски премиер во време на несреќата, а откако замина на европската функција, го замени Ева Копач.
Истрагата покажа дека за несреќата причина е грешка на пилотот кој се обидел да слета по многу магливо време, поради што и закачил во крошните од блиските дрвја и во електрични столбови.
Меѓутоа новата влада, која ја води партијата на Јарослав Качински, а дојде на власт со голема победа ланскиот октомври, вели дека е можно несреќата да ја предизвикала и експлозија во авионот.
Јарослав Качински веќе подолго време го обвинува Туск дека е индиректно одговорен за трагедијата, којашто е, според неговото мислење, резултат делумно и на негрижата на владата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Италија го укина законот стар 40 години: самците ќе можат да посвојуваат деца од странство

Италијанскиот уставен суд денеска пресуди дека самохраните лица можат да посвојуваат деца од странство, поништувајќи го 40-годишниот закон кој го ограничува посвојувањето само на брачни парови, во земја историски обележана со традиционалистички поглед на семејството. „Исклучувањето на самци од меѓународно посвојување малолетници е неуставно“, се вели во соопштението на судот со седиште во Рим.
Како што се намалува бројот на барања за посвојување странски деца, судот рече дека забраната самохрани лица да посвојуваат оневозможува деца да растат во стабилна и хармонична семејна средина.
Пресудата ја нагласува потребата да се ажурираат италијанските закони за посвојување за да ги одразат социјалните и семејните промени, рече Паоло Лимонта, претседател на CIAI, италијанско здружение посветено на посвојување деца од странство.
Судот, кој беше повикан да донесе одлука за меѓународни посвојувања, не се занимаваше со нормите за посвојување италијански деца. Според судот, италијанскиот закон за меѓународно посвојување донесен во 1983 година не признава дека самците се теоретски способни да му обезбедат на детето стабилна и хармонична средина.
„Примарниот интерес што треба да се заштити е интересот на детето“, се вели во соопштението на CIAI. „Благосостојбата на децата не зависи значително од тоа дали родителите во семејството се во брак, разведени, слободни или од ист пол, туку е загарантирана со квалитетот на семејните односи“, велат тие.
Европа
(Видео) Зеленски: Америка и даде голем подарок на Русија, тоа е погрешно

„Сите украински нуклеарни централи му припаѓаат на народот на Украина“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на прес-конференцијата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во Осло.
Тие се во сопственост на државата. Кај нас нема приватна сопственост на нуклеарни централи. Што се однесува до зелената енергија, постојат приватно-јавни партнерства.
„Постои и целосно приватен енергетски сектор, но целата нуклеарна енергија и припаѓа на државата Украина“, рече Зеленски на прес-конференција.
„САД, како главен сојузник во НАТО, не ја поддржуваат Украина во НАТО. Тоа е случај денес. Верувам дека такво нешто не може едноставно да им се даде на Русите. Верувам дека ова е голем подарок, дека оваа тема (пристапот на Украина во НАТО) е отстранета од агендата во преговорите. Едноставно верувам дека тоа е погрешно. Тоа е она што јас го верувам“, додаде Зеленски.
“All nuclear power plants belong to the people of Ukraine,” says Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy as he meets with Norwegian Prime Minister Jonas Gahr Store in Oslo.#Ukraine #Russia #US #Trump pic.twitter.com/EH9dNszx4z
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) March 21, 2025
Неодамна се појавија предлози за иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска окупација од март 2022 година.
Имено, американскиот претседател Доналд Трамп по неодамнешниот телефонски разговор со рускиот претседател Путин сугерираше дека САД би можеле да ја преземат контролата врз украинските нуклеарни централи, вклучително и Запорожје, за да ги заштитат од натамошна руска агресија.
Во моментов, електраната Запорожје е надвор од функција и се соочува со предизвици како што е недостатокот на вода за ладење, што ги отежнува сите планови за нејзино рестартирање. ,
Предлозите предизвикаа загриженост и критики во Украина, каде што некои веруваат дека таквите потези би можеле да го загрозат суверенитетот на земјата и да ја искористат нејзината сегашна ранливост поради конфликтот со Русија.
Европа
Голем бунт во Турција, луѓето масовно излегуваат на улиците, се огласи Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот дека Турција нема да потклекне пред „уличниот терор“ на третиот ден од протестите што избија поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, под обвинение за тероризам и корупција.
„Турција нема да потклекне пред уличниот терор“, рече Ердоган, оценувајќи дека протестите што ги свика опозицијата ќе завршат во „ќорсокак“.
„Нема да толерираме никакво нарушување на јавниот ред“, додаде тој.
Озгур Озел, лидер на Републиканската народна партија, најголемата опозициска партија во земјата на која и припаѓа Имамоглу, ги повика Турците да излезат на улица во петок во 20:30 часот по локално време, и покрај предупредувањата од властите.
„Од сега никој не треба да очекува Републиканската народна партија да води политика во сали или згради. Отсега ние сме на улиците и на плоштадите“, рече Озел во четвртокот вечерта пред градското собрание на Истанбул, каде илјадници луѓе се собраа втор ден по ред во поддршка на Имамоглу, главниот ривал на Ердоган.
Два моста и неколку главни патишта кои водат до Градското собрание беа затворени за сообраќај денеска на 24 часа.
Протести се одржуваат од средата во најмалку 32 од 81 провинција во Турција, според АФП.
Министерот за правда Јилмаз Тунч ги опиша повторените повици на опозицијата за протести како „нелегални и неприфатливи“.
Ваков бран протести во Турција не се памети од големите протести во 2013 година кои започнаа од плоштадот Таксим.
Екрем Имамоглу, кој истражителите почнаа да го испрашуваат во петокот попладне, требаше да биде именуван за кандидат на Републиканската народна партија за претседателските избори во недела.
Но, во вторникот вечерта, неговата универзитетска диплома беше одземена, само неколку часа пред да биде уапсен. Турскиот устав предвидува дека кандидатот за претседател мора да има високо образование.
Имамоглу беше реизбран за градоначалник на Истанбул во 2024 година, откако го одзеде градот од владејачката АКП во 2019 година.