Црна хроника
Вработен во ЈП„Комуналец“ нелегално продавал гробни места
Вработен во ЈП „Комуналец“-Битола продавал гробни места иако немал овластување за тоа, а парите си ги ставал во џеб, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Педесет иедногодишниот Ј.Р. од Битола, вработен како одговорно лице на Буковски гробишта во ЈП „Комуналец“- Битола, од 2011 до 2014 година, на четворица битолчани им продал шест гробни места при што парите не ги внел во благајната на претпријатието, а согласно договорот за вработување немал овластување да врши продажба ниту да прима уплата за гробни места, со што го оштетил претпријатието во износ од 106.800 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Р. за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Таткото со ловечка пушка си го убил синот во Тетово, соопшти полицијата
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Топ
Маж од Тетово пронајден мртов со прострелна рана во главата во неговиот дом
Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.
С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.
Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија од СВР Тетово за „Макфакс“.
Топ
Автомобил падна во Вардар, четиригодишно дете пренесено на Клиника
Попладнево во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар.
Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
На лице место е и јавен обвинител.
Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар информираат од МВР за „Макфакс“.