Спорт
Голманот на Сити, Едерсон е нов светски рекордер (Видео)
Голманот на Манчестер сити, Едерсон Мораеш, влезе во Гинисовата книга на рекорди, соопшти англискиот тим.
Бразилскиот репрезентативец поставил рекорд по најдолг удар. Едерсон успеал да ја дегажира топката на далечина од 75,35 метри што преставува нов Г…
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/c2ac62202e937170e5cacb73188340bb-1.jpg)
![foto:epa](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/c2ac62202e937170e5cacb73188340bb.jpg)
Голманот на Манчестер сити, Едерсон Мораеш, влезе во Гинисовата книга на рекорди, соопшти англискиот тим.
Бразилскиот репрезентативец поставил рекорд по најдолг удар. Едерсон успеал да ја дегажира топката на далечина од 75,35 метри што преставува нов Гинисов рекорд. Едерсон претходниот рекорд го подобрил за 35 сантиметри.
.@edersonmoraes93 attempts the World’s Longest Football Kick to make the @GWR! ??? #mancity pic.twitter.com/ToUKov19kT
— Manchester City (@ManCity) May 11, 2018
24-годишниот голман минатото лето од Бенфика се пресели во Манчестер сити. Бенфика од неговиот трансфер заработи 40 милиони евра.
Сезонава, во која Манчестер сити ја освои шампионската титула, Едерсон бранел на 36 натпревари, на 16 од нив успеал да остане несовладан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Дешан: Ако Франција е здодевна, гледајте нешто друго!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Didije-Desan-photo-AP-Photo-Hassan-Ammar.jpg)
Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидиер Дешан изјави дека не го интересираат критиките за неговата репрезентација дека игра „досаден“ фудбал.
Франција утре во Минхен ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство во Германија.
Тоа ќе биде дуел на репрезентации со различни стилови на игра и според рејтинзите, дуел помеѓу репрезентација која игра „досадно“ – Франција и репрезентација која игра „интересен“ фудбал – Шпанија.
Шпанија ги доби сите пет натпревари на Европското првенство во Германија .
Шпанија постигна најмногу голови на турнирот – 11, а Франција се уште нема постигнато гол од поле, туку еден од пенал и два автогола на противникот.
„Ако ви е досадно со нас, можете да гледате нешто друго, не е важно“, изјави Дешан на прашањето за критиките упатени кон неговиот тим.
“Ова е специфично Европско првенство, со помалку голови од вообичаеното. Имаме шанса да ја израдуваме Франција, во деликатна ситуација за нашата земја. Ако на другите им е досадно, мене не ми е гајле”, додаде францускиот селектор.
Дешан денеска одбележа 12 години како селектор на Франција, со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а второто место четири години подоцна во Катар.
Ја освои и Лигата на нации во сезоната 2020/2021, а во 2016 година беше финалист на Европското првенство.
Имаше успешна играчка кариера, а со репрезентацијата го освои Светското првенство во 1998 година и две години подоцна Европското првенство.
Спорт
Голем пресврт, Фриц го исфрли Зверев од Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/zvereee.jpg)
Голем пресврт, Фриц го исфрли Зверев од Вимблдон
Американецот Тејлор Фриц по големиот пресврт го совлада Александар Зверев во осминафиналето на Вимблдон со 3:2, по сетови 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 6:3.
Мечот меѓу двајца тенисери траеше три часа и 33 минути.
Откако водеше со 2:0 во сетовите, Зверев делуваше самоуверено и никој не можеше да претпостави дека Фриц ќе се врати во мечот и ќе направи пресврт.
Американката направи брејк во третиот сет на 4:4 и намали на 1:2 во сетови. Во четвртиот сет немаше брејк, па беше решено со тај-брејк, во кој Американецот беше многу подобар.
Во петтиот сет, еден брејк му беше доволен на Фриц да му го зададе последниот удар на Германецот и да се пласира во четвртфиналето. Фриц во четвртфиналето на Вимблдон ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети.
Победникот од тој дуел ќе му биде потенцијален ривал на Новак Ѓоковиќ доколку пред тоа седумкратниот шампион на Вимблдон ги елиминира Холгер Руне и Алекс де Минор.
Спорт
(ВИДЕО) Гризман „лут“ на француските медиуми
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/grizman.jpg)
Гризман лут на медиумите поради протекување на информации.
Францускиот репрезентативец Антоан Гризман нервозен поради објава на видео од тренингот на француските медиуми.
Имено, во пресрет на полуфиналето со Шпанија, камерите ги снимија избраниците на Дидие Дешамп како вежбаат удари од белата точка.
„RMC Sport“ го објави видеото и ги откри имињата на сите играчи кои ги вежбале пеналите.
Ова особено го налути Гризман, кој реагираше на социјалните мрежи.
“Па, одлично! Ви благодариме за информацијата”, рече саркастично тој.
Останува да видиме, дали оваа информација ќе биде корисна за голманот на Шпанија.
🇫🇷 👀 Comment les Bleus travaillent les tirs au but. pic.twitter.com/p8RxETJQEr
— RMC Sport (@RMCsport) July 6, 2024