Црна хроника
Судењето за „Шпион“ повторно затворено за јавноста
Судењето за аферата „Шпион“ повторно беше затворено за јавноста, а поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, даде исказ зад затворени врати.
Ваквата одлука судот ја донел на барање на обвинителството кое смета дека Цветанов во неговиот исказ може да изнесе документи и зборови класифицирани како државна тајна.
Првообвинетиот Марјан Ефремов, кој според обвинението е организатор на групата во случајот „Шпион“, одлучи на судењето во понеделникот да се брани со молчење.
Во случајот „Шпион“ 19 лица се осомничени за шпионажа, уцена, измама, злоупотреба на службената положба. Во обвинителниот акт пишува дека осомничените оддавале државни тајни на странски агенции и уценувале познати бизнисмени и јавни личности во земјата.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

