Македонија
43 вработени во ТВ Нова бараат стечај за телевизијата на Сеад Кочан
43 вработени и поранешни вработени во Телевизија Нова покренaa претстечајна постапка за неисплатени 7 плати, од октомври наваму, дознава „Макфакс“. „Во моментот бараме законска заштита, но во интерес на процесот не би можеле да ви изнесеме повеќе детали. Се соочуваме со пречки и затворени врати, но сме одлучни во барањето за своите права. Досега неколкупати во Телевизија Нова се правеа состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар“, велат дел од вработените за „Макфакс“. Една од потписничките на барањето за стечај, неофицијално, е и уредничката Анита Петровска Рајковиќ.

Тие објаснуваат дека се соочуваат со притисоци да потпишат спогодбен отказ. „Неколкумина колеги биле одјавени без воопшто да бидат известени“, велат тие. Според вработените, во ТВ Нова влегле инспектори на трудовата инспекција и од Управата за јавни приходи. „Каде без плати, уште ние ќе плаќаме за да ја истераме правдата. Ќе одиме до крај за реализација на нашите права за плати и придонеси“. Велат дека тоа е уште еден пример од морето сопственици кои ги злоупотребуваат правата на вработените. „Време е државата да покаже дека ги штити работниците, не само на хартија, туку и на дело“, додаваат тие.
Пред приближно еден месец беше отворена претстечајна постапка за ТВ Нова. Стечајот го покрена кабелскиот оператор „Роби Телекабел“, како еден од доверителите. Од менаџментот тогаш тврдеа дека кабелскиот оператор Телекабел спроведува цензура. ТВ Нова на Телекабел, за пренос на сигналот годишно му плаќала по 50.000 евра. Телевизијата веќе неколку месеци емитува стара програма. Десетина новинари одамна заминаа од телевизијата поради неисплатена плата за повеќе месеци. Сопственикот на телевизијата, Сеад Кочан, е обвинет во случајот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, за кого набрзо се очекува пресуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

