Компании
Групацијата Триглав во Македонија бележи успешни резултати
Триглав Осигурување Скопје во првата половина на 2015 година постигна извонредни резултати, зацврстувајќи ја водечка позиција со зголемување на пазарниот удел за 5,4%, достигнувајќи 17,61 отсто,. објави во петокот Групацијата Триглав.
Триглав Осигурување Скопје во првата половина на 2015 година постигна извонредни резултати, зацврстувајќи ја водечка позиција со зголемување на пазарниот удел за 5,4%, достигнувајќи 17,61 отсто,. објави во петокот Групацијата Триглав.
Во дадениот период, Триглав оствари речиси 13% повисока бруто полисирана премија во однос на истиот период лани, достигнувајќи 11 милиони евра во премии, со што постигна многу поголем раст отколку самиот осигурителен пазар, чијшто раст, споредено со истиот период минатата година изнесуваше 7,11%.
Покрај тоа, Триглав и понатаму е лидер на македонскиот пазар во бруто исплатени штети, што е потврда на ефективноста на усвоените интерни процеси, како и на експертизата на вработените.
Перформансите на Триглав Осигурување во првата половина на 2015 година се показател на определеноста и посветеноста на компанијата кон извонредно работење и врвен квалитет на услугите што ги нуди, се наведува во соопшетнието.
“Сепак, нашиот фокус не е насочен само кон интерните процеси и перформанси, напротив, ние ги слушаме потребите на пазарот и вложуваме значителни напори во едукација и развој на локалниот осигурителен пазар”, изјави Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.
Имајќи го предвид зголемениот интерес за приватно здравствено осигурување, во април оваа година Триглав Осигурување на пазарот воведе нов производ во сегментот на доброволното приватно здравствено осигурување, Осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување.
“Ова е исклучително конкурентен и достапен производ, кој обезбедува врвна здравствена заштита, покривајќи ги трошоците за здравствени услуги во доменот на специјалистичките третмани. Изборот на поздрав начин на живот значи носење правилни одлуки за негова заштита, а ние сме убедени дека доброволното здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за себе и за нашите најблиски”, рече Танчевска.
Компанијата верува дека пазарот ќе ја препознае оваа услуга како потреба, што ќе придонесе до натамошен развој на овој осигурителен сегмент.
На ниво на Групација, Триглав оствари раст од 4% во бруто полисираната премија од осигурување, која изнесува 507,8 милиони евра.
Првата половина на годината, Групацијата ја заврши со нето добивка од 53,6 милиони евра, што е за пет отсто помалку отколку во истиот период минатата година, додека комбинираниот коефициент се подобри и изнесува 93,6 отсто, се наведува во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)