Контакт

Црна хроника

Тројца банкари успеале да украдат над 200 илјади евра од домашна банка

Објавено пред

Тројца скопјани се обвинети за злоупотреба на службената положба, при што од една домашна банка успеале да украдат над 200 илјади евра.

dobivaj vesti na viber

 

 

Единица за економски и компјутерски криминал во ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата Ј.П.(62), И.Ч.(46) и П.К.(53), сите од Скопје.

 

Oд страна на Судија во претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на второ и третопријавениот им е изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, привремено им се одземени патните исправи и обврска повремено да се јавуваат на надлежен државен орган.

 

Имено, првопријавениот како главен трезорист во банката, а второпријавениот како трезорист и третопријавениот како одговорно лице за имот и безбедност, кое меѓу другото бил одговорен за полнење на надворешните банкомати на подрачјето на град Скопје, во неколку наврати – еднаш во јуни, еднаш во јули и девет пати во август годинава, од банкомати – сите на подрачје на град Скопје, присвоиле вкупно 13.568.500 денари од централниот трезор на банката, кои им биле доверени во работењето.

 

Полнењето на банкоматите се вршело така што второпријавениот и покрај тоа што касетките за банкоматите требало да ги полни под видео надзор во просторијата за броење (бројачница) и во присуство на другите трезористи, полнењето го вршел сам во соседна, физички одвоена просторија, без видео надзор и таму повторно сам ги затворал касетките.

 

Истиот, не сочинувал спецификација за банкнотите со кои ги полнел касетките, ниту некаков документ како потврда дека во нив го ставил износот на стандардно полнење во вредност од 2.250.000 денари. Исто така, не ги пломбирал сите касетки и покрај тоа што задолжително требало да ги предаде заклучени и пломбирани за безбеден транспорт до банкоматот.

 

При примопредавањето, не ги заведувал броевите на пломбите на касетките кои што ги пломбирал и не ги проверувал броевите на пломбите на касетките кои што му биле враќани назад во трезорот на банката. На тој начин оставал простор за замена на касетките (односно да не бидат вратени во трезорот истите касетки кои што биле ставани претходно како полни за конкретен банкомат) и простор за манипулација, “порамнување“ на износот кој е во касетките, односно изготвување на фиктивни Записници за состојбата на банкоматите кои потоа биле користени за срамнување со состојбата на готовината во трезорот.

 

Третопријавениот, пак, кој бил задолжен за полнење на надворешните банкомати на банката во Скопје, во содејство и во договор со второпријавениот и врз основа на математички пресметки, иако знаел дека во касетките кои ги става во банкоматите, не е содржан стандардниот износ за полнење, лажниот износ на пари го внесувал мануелно (софтверски) како стварна  состојба на парични средства во банкоматот кој го полни, а која што не соодветствувала со вредноста на паричниот износ реално внесен во касетките.

 

Притоа, во слиповите-извештаите кои што ги принтал од банкоматот, немало никакви не совпаѓања на состојбата, така што кршејќи ги стандардните процедури на полнење, противправно во континуитет, присвојувал парични средства кои што му биле доверени во работењето.

 

Првопријавениот Ј.П. како главен трезорист бил должен да го организира работењето во трезорот и меѓу другото да врши контрола на спроведувањето на пропишаната процедура за полнење на банкомати, особено на оние активности и постапки кои што се однесувале на полнењето на надворешните банкомати на банката во Скопје. Меѓутоа, со неспроведувањето на должната контрола од негова страна било овозможено полнењето на касетите за банкоматите да го врши второпријавениот сам, без видео надзор и без да приложи спецификација за внесените банкноти по апоени и без никаква контрола и проверка повторно сам да ги затвара касетките без да ја стави задолжителната пломба и да го заведе нејзиниот број во книгата за примопредавање на банката и на агенцијата за обезбедување, со што се остава простор за математичко подесување на износот во касетките.

 

Исто така, не правел контрола при пребројувањето на паричните средства од вратените касетки, ниту, пак, воспоставил контролен систем за утврдување дали вратените касетки од банкоматот кој бил наполнет се оние кои што се извадени од него. Пребројувањето го вршел повторно второпријавениот И.Ч. сам без видео надзор и без изготвување на спецификација за констатирана состојба и утврдената вредност усно му ја соопштувал. Врз основа на неверодостојна и математички пресметана вредност, првопријавениот изготвувал фиктивни записници со кои потоа се срамнувал со трезорот. 

 

Од страна на СВР Скопје ЕЕКК се превземени сеопфатни мерки и активности при што од банката е одземен видео запис од камерата поставена во бројачницата во централниот трезор во Скопје за критичните денови посочени од раководителот на Службата за внатрешна ревизија во банката, на кои при нивно разгледување се констатирани неправилности, а исто така извршени се  разговори со повеќе службени лица вклучени во постапката за утврдување на фактичката состојбата на паричните средства во надворешните банкомати на подрачјето на град Скопје.

 

Врз основа на Наредби од Основниот суд Скопје 1 Скопје извршени се претреси кај горепријавените лица, при што кај првопријавениот со Потврда за привремено одземени предмети се одземени штедни книшки од две банки на негово име и уплатница за користење сеф во трета банка за 2015 година, додека кај останатите две лица не се пронајдени траги и предмети важни за кривична постапка. /крај/со/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Командир и четворица полицајци од Чегране прикривале дивоградба

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.

Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.

Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки  и психијатриски преглед.

Прикажи повеќе...

Топ

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Објавено пред

Од

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.

И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.

По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж

Објавено пред

Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ5 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија8 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ8 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет12 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет24 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...