Спорт
Вардарки не успеаја да го „срушат“ Ѓер
ЖРК Вардар не успеа да стане европски шампион, откако во нов меч за срцев напад, загуби со минимални од Ѓер по две продолженија, кој останува европски шампион по драматичниот меч во Будимпешта.
Едуарда Аморим се разгира во продолжението за да им донесе…


ЖРК Вардар не успеа да стане европски шампион, откако во нов меч за срцев напад, загуби со минимални од Ѓер по две продолженија, кој останува европски шампион по драматичниот меч во Будимпешта.
Едуарда Аморим се разгира во продолжението за да им донесе водство од два гола на унгарските шампионки, водство од кое „црвено-црните“ не успеаја да се вратат. И покрај ова, Андреа Џанаѓија го имаше последниот напад за израмнување, но голманката Киш го одбрани ударот за славје на унгарскиот шампион.
Со ова се става крај на една ера за македонскиот женски ракомет и за ЖРК Вардар, во кој македонскиот клуб стана еден од великаните во Европа, откако главниот спонзор Сергеј Самсоненко реши да се повлече од клубот. Поголемиот дел од врвните ракометарки следната година ќе играат во други европски клубови, токму како противниците на Вардар во Фајнал форот – Ѓер, ЧСМ Букурешт и Ростов.
? Amorim responds Amanda Lekic’s goal and sent teams to overtime in the Final of the Women’s EHF FINAL4 in Budapest.@audietokc_gyor vs @VardarZRK #budapest2018 #ehfcl #ehffinal4 pic.twitter.com/ylkp5KZmcy
— EHF Champions League (@ehfcl) May 13, 2018
Исто така мора да се забележи одличната игра на Сара Ристовска, која постигна два гола во полувремето, вклучувајќи го израмнувачкиот гол за 7:7. По 25 минути игра Вардар, конечно, дојде во водство за 8:7, меѓутоа на крајот во второто полувреме ќе се тргне речиси од нула (9:9).
Во меч во кој нијансите одлучуваа за секој гол, Вардар беше предводен од фантастичната француска голманка Амандин Лејно, меѓутоа во финишот Едуарда Аморим Талеска, позната на македонската ракометна публика го постигна клучниот гол за Ѓер во финишот на натпреварот за да израмни на 20:20, и тогаш останаа само уште девет секунди игра во кои Вардар не успеа да стигне до шампионски гол.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милнер подготвен да го сруши рекордот на Премиер лигата

Фудбалерот на Брајтон, Џејмс Милнер, го продолжи договорот со клубот за уште една година, објави англискиот тим.
Милнер, кој ќе наполни 40 години во јануари, игра во Брајтон од 2023 година. Тој одигра вкупно 24 натпревари за тимот, но минатата сезона настапи на само четири настапи поради повреда.
Милнер, кога ќе наполни 40 години на 4 јануари ќе им се придружи на Теди Шерингам, Рајан Гигс, Кевин Филипс и Гордон Страхан. Тој би можел да ја заврши сезоната како трет најстар играч во Премиер лигата, бидејќи ќе има 40 години и 140 дена на 24 мај. Во тој случај, само Шерингам и Гигс би биле пред него.
Овој играч од средниот ред ја започна својата кариера во Лидс, а потоа играше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер сити и Ливерпул.
Досега во кариерата има одиграно 638 натпревари во Премиер лигата, а само рекордерот Гарет Бери (653) има повеќе настапи од него.
Во кариерата Милнер има учинок од 55 гола и 86 асистенции.
Спорт
Погба доби понуда од соништата

Пол Погба доби шанса да се врати на големата сцена.
Полни две години откако го одигра својот последен професионален натпревар, а потоа исчезна поради суспензија поради допинг, Французинот има понуда од Монако, кој го сака во своите редови.
Водечкиот европски трансфер инсајдер Фабрицио Романо објави вечерва дека од Кнежевството е испратена понуда за двегодишна соработка со фудбалерот кој го одигра својот последен натпревар за Јувентус на 14 мај 2023 година.
Доколку прифати и потпише за „кнезовите“, Погба наскоро ќе оди на подготовките, а потоа и на првите натпревари во сезоната 2025/26, која во Лига 1 започнува на 15 август.
Ова значи дека ќе поминат околу 27 месеци помеѓу двата натпревари на фудбалерот кој учествуваше во освојувањето на титулата светски шампион со француската репрезентација во Русија во 2018 година.
Откако се врати во Јувентус од Манчестер Јунајтед во 2022 година, Погба одигра вкупно 12 натпревари во црно-белиот дрес и постигна еден гол. Последната сезона со повеќе од 40 натпревари му беше 2020/21.
Спорт
Проштално писмо на Стефан Ристовски: „Ќе дишам со Динамо“

По четири и пол години, македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски (33) ја заврши кариерата во Динамо, официјално објави клубот на својата интернет страница.
Во Динамо одигра 185 официјални натпревари со седум гола и 21 асистенција. Ако се додадат и пријателските, бројката се искачува на 206 настапи.
За четири и пол години во Максимир освои четири хрватски првенства (2020/21, 2021/22, 2022/23, 2023/24), два Купа на Хрватска (2020/21, 2023/24) и два Суперкупа (2022, 2023). Тој исто така беше член на идеалниот тим на СуперСпорт ХНЛ во три последователни сезони.
Ристовски се прости од Динамо
Секогаш гордо го носеше на теренот дресот на Динамо и на крајот стана еден од кокапитените на тимот, велат во прошталното соопштение од Максимир, посветувајќи му специјално видео на Ристовски. Во тоа видео Ристовски го чита писмото што го напишал до семејството и навивачите на Динамо. „Индекс“ го пренесе во целост:
„Почитувани сини, драги Динамо.
Ви благодарам што ме прифативте мене и моето семејство како свои, со љубов, поддршка, почит и пријателство. Колку убава приказна беше тоа, прекрасна лекција за спортот, емоциите, но и за животот. Ви благодарам за тоа од дното на моето срце.
Во текот на мојата кариера работев напорно, ги почитував и ги бранев нашите бои на и надвор од теренот. Почитувани односи со навивачите, со соиграчите, така ме научија родителите и така ги учам моите деца кои растеа и се радуваа заедно со Динамо.
Освоивме многу трофеи, постигнавме историски успеси и многупати се докажавме во Европа. Ја имав ретката чест и можност да бидам капитен на мојот сакан тим и одиграв преку 180 натпревари за овој голем клуб.
Драги фанови, вие ќе останете засекогаш во моето срце, како и нашите бои, знамиња, шалови. А со нашиот победнички стил, така ме научи со љубовта кон Динамо.
Што да се додаде и да се скрие тагата. Се разделуваме како пријатели, како двајца луѓе кои се сакаат. Засекогаш гордо ќе ги носам нашите бои и секогаш ќе дишам Динамо. Еден цитат ме води во животот – нема предавање. Пред се Динамо.
Благодарам Блу, благодарам Динамо, благодарам Загреб. Благодарам на народот и државата Хрватска. Твојот Рајл те сака“.