Контакт

Свет

Парискиот напаѓач бил радикален муслимански мигрант на листата џихадисти под надзор

Објавено пред

Терористот кој во саботата во смртоносен напад со нож повреди петмина и уби еден човек во Париз е идентификуван како Камзат Азимов, мигрант и исламистички радикал од Чеченија, пренесува „Тајмс“. Одговорност за нападот презеде Исламската држава преку својата новинска агенција „Амак“.

dobivaj vesti na viber

Азимов бил француски државјанин роден во мнозински муслиманската руска федеративна република Чеченија во 1997 година, а според француските медиуми бил на листата џихадисти под надзор на француската разузнавачка агенција во „С-датотека“. Тој бил застрелан од полицијата по нападот врз случајни минувачи во центарот на Париз. Очевидци велат дека тој мавтал со ножот кон луѓето без да цели кон некого посебно обидувајќи се да им ги пресече грлата на членовите на „Ру де Монсињи“ во близина на париската опера.

Лидерката на Национален фронт, Марин ле Пен, кој сака околу 10.000 осомничени исламисти од листата за надзор на разузнавачката агенција да бидат депортирани или затворени, прашува: „Каква корист од оваа листа за набљудување ако не се осигураме дека овие темпирани бомби не можат да ѝ предизвикаат штета на француската земја?“

Оливие Вудхед, 40-годишник од Британија, кој поседува ресторан за британска храна во областа, вели дека тој и неговиот бармен го виделе џихадистот како пробол еден минувач од спротивната страна на улицата.

„Потоа дојде еден полициски автомобил и застана. Човекот одеше надолу по улицата, но кога ја виде полицијата, се сврте и се врати кон нив“, изјави тој за „Тајмс“.

„Изгледаше како да полудел. Врескаше, а рацете му беа облеани со крв. Полицајците се обидоа да го убијат, но мислам дека првиот истрел го промаши, а вториот го погоди, но не го запре. Тој успеа да изолира еден од полицајците. Не можев да видам сè бидејќи ова се случуваше зад автомобилот, но можев да видам дека го фати полицаецот и го турна наназад. Полицаецот падна на колена. Беше во опасност и истрела два куршума кон напаѓачот. Првиот го промаши и ја погоди влезната врата на мојот сосед. Вториот куршум го погоди“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Свет

Цената на златото повторно достигна нов рекорд

Објавено пред

Од

Цената на златото денес надмина 4.400 долари за унца првпат во историјата, поттикната од растечките очекувања за намалување на каматната стапка во САД и силната побарувачка за безбедно засолниште. Среброто, исто така, се придружи на растот, кое, исто така, достигна рекордна вредност.

dobivaj vesti na viber

Според податоците од 05:02 часот GMT, цената на златото порасна за 1,4 проценти на 4.397,16 долари за унца, откако претходно достигна рекордни 4.400,29 долари во текот на денот. Среброто во исто време скокна за 3,3 проценти на историски максимум од 69,44 долари.

Скапоцениот метал скокна за 67 проценти од почетокот на годината, кршејќи повеќекратни рекорди и надминувајќи ги нивоата од 3.000 и 4.000 долари за прв пат. Златото е на добар пат за најголем годишен раст од 1979 година.

Среброто, од друга страна, скокна за неверојатни 138 проценти од почетокот на годината, далеку над златото благодарение на силните инвестициски приливи и малата понуда на пазарот. Растот на цените на традиционалното безбедно засолниште е поткрепен од зголемените геополитички и трговски тензии, континуираното купување од страна на централните банки и очекувањата за пониски каматни стапки следната година.

Послабиот долар, исто така, дава дополнителен импулс, правејќи го златото поевтино за купувачите со други валути.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Дупка проголта бродови: Вонредна состојба во британска област

Објавено пред

Во британската област Шропшир е прогласена вонредна состојба откако во канал кај градот Вичрч се отворила голема дупка, која полицијата ја опиша како понор. Во инцидентот два брода пропаднале во отворот, додека уште два останале опасно да висат на самиот раб, јави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Фотографиите од местото на настанот покажуваат целосно уривање на дел од пловниот пат, при што водата од каналот речиси целосно истекла. Според информациите, два теснокоритни брода потонале, а уште два останале заглавени на работ од пројавата.

Полиција соопшти дека засега нема информации за повредени лица и ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето и да користат алтернативни правци.

Локалниот советник во Вичрч, Енди Хол, за Би-Би-Си изјави дека инцидентот се случил околу 5 часот наутро и дека огромна количина вода истекла на блиското поле. Според неговите зборови, дел од жителите помислиле дека станува збор за земјотрес, додека пожарникарите поставиле брана за да се спречи дополнително истекување и потенцијални поплави.

Фото: илустрација, Pexels

Прикажи повеќе...

Свет

Американски конгресмени се закануваат со тужба поради необјавените досиеја за Епстин

Објавено пред

Двајца американски конгресмени се заканија со правни чекори против државната обвинителка Пем Бонди кога Министерството за правда само делумно ги објави документите поврзани со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин иако законскиот рок истече минатиот петок, пренесе Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Законот за целосна објава на таканаречените Епстинови досиеја беше потпишан во ноември од американскиот претседател Доналд Трамп по притисок од неговите поддржувачи и дел од Републиканската партија. Иако некои од документите беа објавени, многу информации останаа редактирани или нејавно достапни, што предизвика незадоволство кај дел од конгресмените и кај жртвите.

Републиканскиот конгресмен Томас Меси најави можност за поведување постапка за непочитување на Конгресот против Бонди тврдејќи дека Министерството ги крши духот и словото на законот. Тој изјави дека на иницијативата работи заедно со демократскиот конгресмен Рум Хана, кој појасни дека се гради двопартиска поддршка за финансиско казнување на обвинителката за секој ден доцнење.

Од Министерството за правда тврдат дека постапуваат во согласност со законот и дека објавата ќе продолжи во наредните недели. Заменикот на Бонди, Тод Бланш, изјави дека станува збор за повеќе од милион страници документи, од кои голем дел содржат чувствителни информации за жртвите.

Демократскиот сенатор Тим Кејн оцени дека евентуална постапка за непочитување на Конгресот или импичмент би била прерана и дека постојат други законски механизми за притисок.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија2 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија3 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија4 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија6 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија6 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа7 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ8 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет8 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа9 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет10 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија10 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет19 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија23 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...