Спорт
Тежок удар за Перу, капитенот нема да игра на СП во Русија
Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гереро, сепак ќе го пропушти Светското првенство во Русија, откако Меѓународниот суд за арбитража во спортот (ЦАС), му ја зголеми суспензијата од шест на 14 месеци, поради позитивниот допинг тест.
…


Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гереро, сепак ќе го пропушти Светското првенство во Русија бидејќи Меѓународниот суд за арбитража во спортот (ЦАС) му ја зголеми суспензијата од шест на 14 месеци поради позитивниот допинг-тест.
Гереро падна на допинг-тестот по натпреварот со Аргентина во мундијалските квалификации. Натпреварот се одигра на 6 октомври минатата година. Капитенот на Перу бил позитивен на кокаин поради што му беше изречена едногодишна суспензија.
Тој ја обжали оваа одлука, па ФИФА реши да му ја преполови казната. Незадоволен и од оваа одлука, Гереро се жалел и до ЦАС барајќи суспензијата целосно да му биде укината. Во исто време Светската антидопинг-агенција (ВАДА) побара ригорозна казна за Перуанецот.
На почетокот на овој месец Гереро во Лозана бил сослушан од истражителите, а одлуката што вчера била донесена ги шокира сите во Перу.
Гереро доби 14-месечна суспензија, што значи дека нема да игра на мундијалот. Гереро за Перу постигнал 32 гола на 86 натпревари.
СП во Русија е прво за Перу по пауза од 36 години. Перуанците за противници во групата ги добија Франција, Данска и Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Болоња во 94.минута му пресуди на Интер

Фудбалерите на Болоња го победија Интер (1:0) во 33.коло во Серија А.
На овој расплет најмногу се радува Наполи, кој сега има ист број бодови како „нероаѕурите“, со подобра гол-разлика тимот од Милано, бидејќи скорот меѓу нив е изедначен.
Уморен од Лигата на шампионите, Интер потклекна во четвртата, последна минута од судиското надополнување.
Рикардо Орсолини акробатски ја зафати топката со левата нога по центаршут и го совлада Јан Сомер.
Болоња освои важни бодови на „Ренато Дал’Ара“ против актуелниот шампион и моментално е четврта со 60 бодови, што е бод повеќе од Јувентус, кој допрва треба да гостува во Парма во понеделник.
Во следното коло Интер ја пречекува Рома, додека Болоња ќе гостува кај Удинезе.
Спорт
(Видео) Челзи во финишот го скрши Фулам, Вулвс славеа на „Олд Трафорд“

Челси на „Крајвен Котиџ“, во финишот успеа да го совлада Фулам со 2.1 и да остане во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Фулам поведе во 20 минута кога Алекс Ивоби на асистенција на Рајан Сесењон го совлада голманот на Челзи.
И пред тоа Фулам постигна гол, но истиот беше поништен бидејќи Андреас Переира беше во офсајд.
Фулам предноста ја чуваше до 84. минута, кога Тајрик Џорџ со деби голот за Челси го изедначи резултатот.
Голот на Педро Нето во 94. минута му донесе победа на Челзи. Португалецот одлично се снајде и со перфектен удар ја „скина“ мрежата.
По оваа победа, Челзи скокна на петтото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите, додека Фулам е на деветтото место со девет бода помалку од соседите од Лондон.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед немаа концентрација и сила да пружат идентичен отпор на натпреварот против Вулверхемптон по епскиот пресврт против Лион во Лигата на Европа.
„Волците“ ја искористија анемичната домашна екипа и успеаја да си заминат од Олд Трафорд со сите три бода.
Херој на тимот на Витор Переира беше Пабло Сарабија, кој од слободен удар во 77. минута од натпреварот го совлада Андреа Онана.
Вулверхемптон е во невидена резултатска серија, ова беше дури петти триумф во низа и со тоа се изедначија во поредокот со „црвените ѓаволи“ на 14. место со 38 бодови.
Можност за продолжување на оваа серија ќе имаат во следното коло кога ривал ќе им биде веќе оплаканиот Лестер.
Леандро Тросар го предводеше Арсенал до победа. „Топџиите“ славеа кај Ипсвич со 4:0 Белгиецот го отвори резултатот во 14.минута, потоа погоди Мартинели.Во вториот дел од натпреварот видовме уште еден гол на Тросар, а конечниот резултат го постави Нванери.
Спорт
Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Фудбалерите на Наполи синоќа ја победија Монца на гостински терен со 1:0 во 33. коло од Серија А и со 71 бод се изедначија со Интер на првото место на табелата, иако Интер има натпревар помалку а тоа е вечерашното тешко гостување во Болоња.
Наполитанците во преостанатите пет кола имаат многу полесен распоред од бранителот на титулата, а треба да се напомене и дека Интер ќе биде оптоварен со полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона и полуфиналето од Купот на Италија против Милан. Наполи, пак, до крајот на сезоната има само натпревари во Серија А.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте синоќа одржа бурна прес-конференција по тешкиот триумф во Монца, а од неговиот говор се чини дека „не му цветаат рози“ на „Марадона“ и покрај одличните резултати.
„Јас имам одговорност и вие, медиумите, први го потенциравте тоа со зборовите дека ако Конте е на клупата, тимот мора да победи. Бидејќи тоа ми го припишавте мене, не сакам да ги изневерам навивачите. Не можам да се потпрам на чуда наместо на план. Го почитувам и го ценам претседателот на Наполи (Аурелио де Лаурентис) Навивачите на Наполи имаат високи стандарди ако не победат, се лутат“, рече Конте и додаде:
„Морам да одмерам сè, и не сум будала. Направив голем притисок врз себе, но ми треба вистинско оружје за да се борам. Во спротивно, тоа е масакр и не сакам да ме исечат. Ќе седнам на преговарачка маса со претседателот, а потоа ќе видиме. Ќе имаме приходи од квалификациите за Лигата на шампиони, ни помогна и трансферот на Кварацхелија, но сега искрено ќе разговарам со претседателот. Дадов се од себе, со камата. Сега сакаме да победиме заедно со момците кои напорно работат“.
„Имам добар однос со Де Лаурентис, но исто така ми треба почит. Морам да се заштитам себеси, инаку сето ова ќе биде само убаво, но завршено патување. Тука сум за навивачите на Наполи и за себе. Нема да правам будала од себе и да ги оставам да ме тепаат. Мора да продолжиме да веруваме и се надевам дека ќе имаме и малку среќа. Од јануари среќата не беше на наша страна. Веруваме во нашите можности. Играчите се одлични во тешки ситуации и ние градиме силни темели преку тие предизвици“.