Европа
Хеферн: Постојна база на НАТО во Полска засега нема

Постојана база на НАТО во Полска нема да има во текот на 2016 година, вели во разговорот за полскиот весник Rzeczpospolita заменикот државен секретар во Стејт департмент на САД за Европа и Евроазија, Џон Хеферн.
„На Самитот на Северноатлантската алијанса во јули следната година во Варшава нема да биде донесено решение за распоредување на постојани бази на НАТО во Полска“, вели Хеферн.
Полската влада во повеќе наврати изјави дека е подготвена и оти е неопходно на територијата на земјата да бидат распоредени постојани бази на Алијансата, во атмосфера на растечката загриженост на источноевропските и блатичките земји, дел од поранешниот комунистички блок, поради наводната агресија на Русија по избувнувањето на украинската криза.
Според весникот, воздржаноста од распоредување постојани бази на НАТО во источна Европа, најмногу поради притисокот на Берлин, кој смета дека ваквиот ќе претставува провокација за Русија.
Притоа американскиот дипломат уверува дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува „постојаното присуство“ во ротациите на американските единици на територијата на Полска. „Ќе бидеме присутни толку долго (во Полска), колку што ќе биде потребно“, истакнува Хеферн.
Тој, исто така, во интервјуто посочува дека САД сé уште остануваат доследни на плановите за изградба на елементи од американскиот ракетен штит на полска територија, за кои Вашингтон тврди дека е во функција на заштита на европските сојузници од можен напад од Иран.
Русија жестоко се противи на распоредување на американскиот штит во близина на нејзините граници, сметајќи дека станува збор за активност насочени во прв ред против нејзината безбедност, особено откако на 14-ти јули во Виена беше потпишан нуклеарниот договорот на шесте светски сили со Техеран, со што се исклучува можноста Иран да стане потенцијална нуклеарна закана. Москва притоа ги предупреди земјите во Европа кои ќе се решат да бидат дел од американскиот антиракетен систем ќе бидат легитимни цели кон коишто ќе бидат насочени нејзините балистички стратешки проектили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин