Политика
Лустрацијата завршува – предлог законот го мина првото читање во Собрание
Лустрацијата не се укинува, ниту се поништува, само завршува. Сметаме дека траеше сосема доволно за да ги исполни очекувањата, за да се дознае вистината што всушност беше и главната цел на процесот.
Ова во среда го истакна пратеникот Илија Димовски, образложувајќи го пред Собранието Предлог-законот за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во прво читање.
„Сите акти што се донесени, а се поврзани со процесот на лустрација ниту се укинуваат, ниту се поништуваат. Но, предлагаме, врз база на наша проценка, Собранието да утврди завршување на процесот на лустрација. Сметаме дека лустрацијата траеше сосема доволно време за да ги исполни очекувањата, за да се дознае вистината што всушност беше и главната цел, не како казна или укор за оние што кодошеле во минатото, туку како процес со кој требаше да се извадат и се извадија на виделина многу темнини од минатото во Македонија“, рече Димовски.
Според Роза Топузова Каревска, Комисијата за лустрацијата имала селективен пристап во работењето, со што целосно е промашен процесот на идеолошко прочистување.
Поранешниот член на Комисијата на лустрација Чедо Дамјановски, оценува дека е добро што процесот на лустрација е завршен, но вели дека останува нејасно зошто власта носи закон со одредби кои се противуставни. И тој смета дека целиот процес е промашен бидејќи, како што истакнува, околу 80 проценти воопшто и не требале да бидат лустрирани.
Комисијата за лустрација разгледала околу 30 илјади случаи од каде за близу 300 лица утврдила дека биле кодоши.
Пратеникот од редовите на ДУИ Рафиз Алити, смета дека вистинската лустрација во Македонија сè уште не е почната, но не и со тоа дека законот беше лош.
„Пратеничката група на ДУИ даде поддршка за овој закон, а сме потписници и на денешниот предлог-закон. Мислевме дека ќе се постигне целта што барем беше наше тежнеење – да има вистинска лустрација. Се согласувам дека ова е задоцнет процес, ефектите ќе беа подобри ако законот се донесеше во деведесетите години, но тогаш немаше такво расположение“, рече Алити, при тоа додавајќи дека Македонија треба да ги побара досиејата од Белград за да се направи вистинска лустрација.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, се вклучи во дискусијата нарекувајќи ги членовите и симпатизерите на СДСМ апологети на комунизмот кои зад наводен демократски социјализам промовираат апсурден став, зборуваат за диктатура и режим, а во времето на Југославија една партија владееше 12 мандати по четири години без избори.
„Секој денес може да каже или да напише што сака, има десетици телевизии и весници, стотици интернет портали ама тоа не било демократија“, рече Ѓорчев.
Согласно предлог-текстот на Димовски, Џафери, Аљити и Милошоски, Комисијата за лустрација ќе продолжи да работи додека не завршат постапките за кои се изречени решенија, но кои се во жалбена, односно судска постапка. Исто така се предлага, Собранието на Комисијата да и го одземе мандатот од 1-ви септември, таа да нема право да почнува нови постапки, а за постапките кои се почнати, но за кои нема изречено решение, да нема право на изрекување првично решение. Се предлага и важноста на изречените конечни решенија да биде пет години, независно кога се донесени.
По образложението на предлогот, Димовски рече дека се отворени за разгледување на амандмани кои би придонеле за да нема какви било нејаснотии или проблеми во функционирањето на Комисијата за лустрација. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.