Свет
Пет лица загинаа во невремето што ги зафати САД

Во големата бура што го погоди североисточниот дел од САД загинаа пет лица, а речиси половина милион луѓе останаа без струја.
Невремето беше проследено со град, поплави и силен ветер, а службите предупредуваат дека е можно да дојде и до појава на торнадо.
Во сојузната држава Њујорк загина 11 годишно девојче врз кое паднало дрво, а со повреди се здобила мајката на девојчето. Во градот Њубург дрво падна на жена, додека таа управувала со автомотил. Таа исто така нешто почина нешто подоцна.
Во Данбери, во сојузната држава Конектикат, еден маж почина откако дрво падна на камиониот кој го возел, четвртата жртва исто така починала при пад на дрво во Њу Ферфилд, а 31 годишен маж почина откако дрва го уништи неговото возило.
Иако бурата со голема брзина се движи кон истокот на САД, предупредувањата за тешки временски услови остануваат на сила во подрачјето од Вашингтон до Филаделфија и Њујорк до Бостон.
Предупредувања за ново невреме се издадени на подрачјето на Вашингтон и Балтимор.
Поради условите затворени се неколку железнички линии, метроа и патишта.
Предупредувањето за торнадо е издадено за северниот дел од Њујорк, за североисточна Пенсилванија, Масачустес и Јужен Вермонт, а издадени се и предупредувања за град и ветришта со јачина до 130 километри на час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Нападнат автомобилот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Во неделата, додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, престојуваше во посета на фабриката за оружје во бугарскиот град Сопот, лидерот на националистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, бил снимен како блокира влез на автомобилот за кој демонстрантите верувале дека се наоѓа таа внатре.
Според извештаите, Костадинов, кој претходно повикувал Бугарија да излезе од НАТО, организирал демонстрации со друга националистичка партија пред фабриката „Вазов“, противејќи се на европскиот пат на Бугарија и барајќи заштита на националниот суверенитет.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите со бугарски и руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа почнува да се движи, но е неколку пати удрен со транспарент. Костадинов се расправа со полицијата, додека демонстрантите продолжуваат да го блокираат возилото со повици „нацисти“ и свирежи.
Не е јасно дали претседателката била во автомобилот за време на инцидентот. Костадинов подоцна тврдел дека фон дер Лајен во фабриката во Сопот пристигнала со хеликоптер, а не со автомобил.
Партијата „Преродба“ редовно организира протести против ЕУ и бара Бугарија да излезе од Унијата, а нејзините приврзаници претходно ја вандализирале и делегацијата на ЕУ во Софија, фрлајќи црвена боја и обидувајќи се да запалат врати, пренесе „Б92“.
Претходно беше објавено и дека авионот во кој претседателката на Европската комисија леташе за Бугарија остана без ГСП-навигација и мораше да слета со помош на хартиени мапи. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување.
Свет
Германскиот министер контра Фон дер Лајен: Фундаментално е погрешно да се зборува сега за распоредувањето сили во Украина

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, денес ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради јавно претставените планови за испраќање мултинационални сили во Украина како дел од долгорочни безбедносни гаранции.
Писториус изјави дека е „фундаментално погрешно“ да се разговара за такви опции пред мировните преговори.
„Европската Унија нема никаква одговорност ниту надлежност кога станува збор за распоредување на сили. Би се воздржал од потврдување или коментирање на такви размислувања на било кој начин“, рече министерот пред новинарите во објект на одбранбената индустрија во западногерманскиот град Тројсдорф.
Тој потврди дека владите размислуваат што би било можно „под кои услови и ограничувања“.
„Но мислам дека е целосно погрешно јавно да се дискутира за тоа во овој момент“, додаде Писториус.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, фон дер Лајен изјави дека Европа прави „доволно прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина.
Претседателката на Комисијата рече дека плановите би можеле да вклучат десетици илјади војници од европските земји, со поддршка од САД во области како разузнавање и командување.
Фон дер Лајен нагласи дека силните гаранции се „од најголема важност“ за заштита на Украина од идни руски напади и за зачувување на безбедноста на цела Европа.
Таа исто така ја поздрави подготвеноста на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди она што го опиша како „безбедносна гаранција слична на член 5“ за Киев.
Идејата за стационирање на западни сили во Украина предизвикува длабоки поделби. Франција и Велика Британија разговараат за ова прашање, САД и земјите членки на НАТО, како Полска, ја исклучија можноста за испраќање трупи, додека некои земји се уште не се одлучни.
Свет
Трамп: Индијците сега понудија да ги намалат царините на нула, но доцна е

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Индија понудила да ги намали царините за американската стока на нула. Изјавата на Трамп доаѓа откако индискиот премиер Нарендра Моди јавно покажа солидарност со кинескиот и рускиот лидер, соочен со трговскиот притисок од Вашингтон.
Нарекувајќи ја врската меѓу САД и Индија „едностранa“, Трамп на својата платформа „Тру Соушал“ напиша: „Сега понудија да ги намалат царините на нула, но веќе е доцна. Требаше тоа да го направат пред многу години.“
Индијското амбасадорство во Вашингтон не одговори веднаш на коментарите на Трамп, кои следеа по воведувањето на вкупни царини до 50 проценти на индиска стока, што отвори прашања за иднината на американско-индијските односи.
Трамп го напиша тоа на „Икс“ во моментот кога Моди на самит во Кина се сретна со повеќе од 20 лидери на незападни земји од Шангајската организација за соработка, иницијатива што ја поддржува Кина, а која доби нов замав со глобалната царинска офанзива на Трамп.