Вести
Ескалира насилството во Израел: тројца мртви и над 20 ранети

Тензиите во Израел кулминираа во вторникот со повеќе напади во Ерусалим и во централниот град Раананa во коишто се убиени најмалку три лица, а ранети се повеќе од 20, пренесуваат медиумите.
Прво во вторникот утрото е Раананa, каде еден Израелец е полесно повреден, а потоа следеа уште неколку два одвоени напади во различни населби во Ерусалим, па уште еден во Раанана.
Двајца жители на арапски кварт во Ерусалим напаѓачи отворија оган и избодеа патници во автобус, а нивен сонародник со автомобил се втурнал во луѓе кои стоеле на автобуска постојка и излегувајќи од возилото со нож ги напаѓал минувачите. Едно лице е убиено, а повеќе се ранети.
„Тројца Израелци се убиени во терористички напади кои беа изведени во Ерусалим претпладнево. Двајца во автобус нападнат од терористи, и еден во напад во централното подрачје на градот“, изјави портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд.
Во нападот во автобусот биле ранети пет лица, полицијата убила еден од напаѓачите, а другиот го уапсила.
Уште два напада квалификувани како терористички акти се случиле во гратчето Раанана, во централниот дел од Израел, во близина на Тел Авив, и според полициски извештаи во нив се повредени најмалку пет лица. Во повторениот инцидент во ова гратче се ранети најмалку четворица.
Веќе две седмици траат секојдневните судири во Израел и на палестинските територии кои започнаа со убиството на доселеничка израелска брачна двојка во близина на градот Наблус на Западниот брег, поттикнато делумно од стравувањето на Палестинците дека Израел сака да го смени статусот на Платото на џамијата во источен Ерусалим – во Стариот град, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса, едно од трите најсвети места на исламот. Ова локација е позната кај Евреите како Брдото на храмот, каде што се наоѓаат останки од древен хебрејски храм, и таму можат да одат но не и да се молат.
Во овие судири, кои се проширија и на палестинската енклава Појасот Газа, загинаа најмалку 6 Израелци и 27 Палестинци, од кои осум деца, според палестински болнички извори, и девет напаѓачи, според израелската полиција.
Главните политички палестински групи, како Фатах кој владее на Западниот брег и исламистичкиот Хамас кој ја контролира Газа, вторникот го прогласија за „Ден на гневот“ во Појасот Газа, источен Ерусалим и на Западниот брег, а челниците на израелските Арапи повикаа на протести.
Се стравува дека овие насилства претставуваат почетокот на третата палестинска интифада (востание).
Ситуацијата многу потсетува на онаа од септември 2000 година, кога избувна втората интифада, по првата од 1987 година, кога исто така владееја фрустрациите предизвикани кај двете страни од неуспешните мировни преговори. Непосреден повод за тоа, исто така, беше посетата на Ридот на храмот на тогашниот челник на израелската опозиција Ариел Шарон. Тоа свето место, кое е третото свето место во исламот, на кое се наоѓаат џамијата Ал Акса и Куполата на карпата, како и остатоците од древниот Ерусалимски храм, повторно е во центарот на збиднувањата.
Палестинците го обвинуваат Израел дека сака системски и дефинитивно да го промени статус-квото коешто се почитуваше со децении, според кој Евреите може да го посетуваат Ридот, но и таму да се молат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучно отфрли каква и да е намера тоа да го промени. Повиците на радикалните еврејски групации и партии да се дозволи молитва на Ридот, па дури и да се уништат двете џамии и повторно да се изгради Ерусалимскиот храм, според него, не ја одразуваат и политиката на владата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.