Македонија
Царовска: Словенечките искуства ќе ни помогнат да донесеме добар Закон за работни односи
Словенечките искуства ќе ни помогнат да донесеме добар Закон за работни односи. Ова го истакна министертката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во рамки на работилницата на тема ,,Реформи на пазарот на труд во Република македонија – Што можеме да научиме од искуството на Словенија?’’.
Во своето воведно обраќање, Царовска оцени дека постоечкиот комплексен Закон за работни односи не укажува доволно јасно на заштита на работничките права и на обврските на работниците и работодавачите. Сите овие недостатоци во пазарот на трудот, како што рече, играат економска и социјална улога за тоа какво општество сакаме да градиме.
„Во процесот на носење нов закон се потребни анализи од аспект на микроекономски индикатори, за што земјава добива експертска поддршка од Светска банка. Но, од друга страна, очекувам синдикатите и здруженијата на граѓани да ја дадат другата перспектива за овој закон да даде максимална заштита на работниците. Целта е да добиеме добар баланс помеѓу едното и другото, затоа што ниту една држава не успеала да го развие пазарот ако има преригиден закон за едната или за другата страна“, изјави Царовска.
Консултантите Јан Рутковски и Милан Водопивец ги презентираа предизвиците поврзани со законската рамка во Македонија и искуството и резултатите од реформата на пазарот на труд во Словенија. Во однос на тоа, министерката Царовска посочи дека покрај националните капацитети за подготовка на новиот ЗРО, позитивно е вклучувањето на експерти од регионот, кои веќе го поминале овој процес и низ социјален дијалог донесле паметен закон, кој што обезбедил заштита и почитување на обврските од двете страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.