Спорт
Шкендија на македонскиот фудбалски трон, ги обедини двете титули
Шкендија на својата втора шампионска титула во Првата лига ја додаде и втората титула од Купот на Македонија, откако на „Младост“ во Струмица во доминантен меч со 3:0 го совладаа тимот на Пелистер, кој од следната година е второлигаш.
Шкендија поведе п…

Шкендија на својата втора шампионска титула во Првата лига ја додаде и втората титула од Купот на Македонија, откако на „Младост“ во Струмица во доминантен меч со 3:0 го совладаа тимот на Пелистер, кој од следната година е второлигаш.
Шкендија поведе преку Муслиу во 20. минута од мечот, за во 52. минута Бесарт Ибраими да зголеми на 2:0, а клуч на натпреварот стави уште еднаш Висар Муслиу во 72. минута од мечот, кој беше одбележан со дожд и лошо време во Струмица.
Со оваа титула, Шкендија ја завери убедливата сезона во македонскиот фудбал, во која успеа да го победи Вардар во шампионатот и рекордно бргу да ја обезбеди титулата во Првата лига. Сега, тетовци ги чекаат подготовките за квалификациите во Лигата на шампиони.
Од друга страна, Пелистер, кој беше актуелен освојувач на Купот и одеше во трета титула во ова натпреварување, сега ќе мора да се соочи со животот како второлигаш. Доколку го добиеја финалето, битолчани ќе можеа да се надеваат на европски фудбал во Лигата на Европа, но сега последното место во ова натпреварување е за Ренова, заедно со Работнички и Вардар.
Фото: ФК Шкендија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Норис во солзи ја прослави шампионската титула
Ландо Норис, во Абу Даби на патеката „Јас Марина“, стана 35-тиот возач кој го освои шампионатот во Формула 1. Норис е 11-от Британец со светска титула. Воедбо Британецот на Мекларен му ја донесе првата титула во конкуренција на возачи по 2008 година.
Во последната трка од сезоната, 26-годишниот Британец заврши трет, доволно за да ја прекине четири годишната доминација на Макс Ферстапен.
„Ова патување е долго, навистина долго… Навистина… Прво на сите, ви благодарам на сите, мојот тим, моето семејство, татко ми, мајка ми… хаха, не плачам“, новиот светски шампион едвај можеше да најде зборови од среќа и солзи во својата прва изјава по најголемиот успех во неговата кариера.
Норис на крајот имаше два поени повеќе од Ферстапен, кој победи на трката во Абу Даби.
Трката на патеката „Јас Марина“ го означи и крајот на една ера во Формула 1, бидејќи следната сезона ќе пристигне нова, во која автомобилите ќе бидат помали и полесни, сето тоа со цел трките да бидат повозбудливи отколку што беа досега.
Исто така, Големата награда на Абу Даби беше последната трка во која ќе се користи DRS, но ќе биде и последната трка за Заубер, кој официјално ќе стане Ауди од следната година.
Over to you, Lando 🎙️
The first interview with our new world champion! #F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/py5OTzAxCg
— Formula 1 (@F1) December 7, 2025
Foto/ EPA
Спорт
Ван Дајк свикал состанок, играчите се побунија
Фудбалерите на Ливерпул му дадоа поддршка на Мохамед Салах, пишуваат англиските медиуми.
Ливерпул поминува низ најтурбулентниот период во последните неколку години. Резултатите се лоши, играта е под сите стандарди, а и атмосферата во тимот не е добра.
Најновите информации од Англија велат дека тензиите во соблекувалната се преточиле во сериозен раскол помеѓу ѕвездата на тимот Мохамед Салах и тренерот Арне Слот.
По ремито со Лидс (3:3), Салах дополнително го потресе клубот – тој најави можно заминување и остро го критикуваше Слот, што, според медиумите на островот, предизвика верижна реакција.
Наводно, капитенот Вирџил ван Дајк веднаш потоа свикал состанок со играчите и ги повикал своите соиграчи да го поддржат египетскиот ас. Според истиот извор, тие едногласно го прифатиле барањето на капитенот.
Набрзо бил формиран ставот на тимот: играчите сакаат Арне Слот да ја напушти клупата на Ливерпул.
Проблемот е длабок и не е од вчера. Салах, иако има нов договор од почетокот на годината, игра во многу послаба форма од претходно – со само четири гола и две асистенции во сезоната.
Почесто, како што е опишано, тој му носеше штета на тимот отколку корист. Сепак, целата соблекувална стоеше зад него, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Она што става дополнителен притисок врз клубот е фактот дека Салах наскоро оди на Африканскиот куп на нации. Се поставува прашањето: дали ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Ливерпул пред тоа?
Спорт
Ландо Норис е светски првак
Макс Ферстапен ја освои Големата награда на Абуд Даби, но по четири години ја загуби тиулата светски првак. Нов шампион во Формула 1 е Ландо Норис, возач на Мекларен. Норис стана 11-от Британец со титула светски рпвак во Формула, водно на Медкларен му ја донесе првата титула меѓу возачите од 2008 година.
Ферстапен победи на „Јас Марина“, пред возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. Сценарио кое му одговоараше на Норис да дојде до титулата со два поени повеќе од Ферстапен.
На стартото Норис загуби една позиција од колегата Пјастри, потоа издржа еден налет на Леклер и до карајот на трката без проблеми ја чуваше третата позиција.
Впечаток е дека тоа и беше планот на Норис, да не се впушта во ризични потези, да биде трет и да вози соло трка.
Бодови на последната трка освоија и Леклер, Расе, Алонсо, Окон, Хамилон, Строл и Берман.
Трката на патеката „Јас Марина“ го означи и крајот на една ера во Формула 1, бидејќи следната сезона ќе пристигне нова, во која автомобилите ќе бидат помали и полесни, сето тоа со цел трките да бидат повозбудливи отколку што беа досега.
Исто така, Големата награда на Абу Даби беше последната трка во која ќе се користи DRS, но ќе биде и последната трка за Заубер, кој официјално ќе стане Ауди од следната година.
Foto/ EPA

