Црна хроника
Украдена дигитална камера за надзор
Во реон на Злокуќане на 27.03.2018 година во 03.15 часот , при контрола од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, било констатирано дека била украдена дигитална камера за надзор.
Непознатиот сторител ја одзел камерата на начин што целосно го исекол дрвото на кое била поставена на 25.05.2018 година.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит: потоа го нападнал и сопственикот
Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Центар, Р.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 13.40 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила влегло во неговиот дом и одзело повеќе парчиња накит и други предмети, а потоа и физички го нападнало.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна незгода во Скопје
Вчера околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(57) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Ново Село, пронајдена дрога
На 25.11.2024 во 23.20 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против А.Љ. ќе биде поднесена соодветна пријава.