Црна хроника
Мобилната царина откри 10 илегалци од Сирија
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, синоќа нешто по полноќ открија 10 илегалци во товарно комбе .
При вршење на рутинска контрола на патниот правец Гевгелија-Демир Капија во близина на ТЕЦ Неготино запрено е товарно комбе со македонски регистарски ознаки.
Царинските службеници побараа од возачот да го отвори делот за товарот, но во истиот момент тој се дал во бегство, прескокнувајќи ја заштитната ограда покрај автопатот и избегал во непознат правец. Кога возилото било отворено, во товарниот дел се пронајдени 10 лица од Сирија. Лицата не поседувале никакви документи за идентификација.
Преку дежурниот царински центар е известено МВР, а по пристигнување на нивни службени лица, возилото и лицата им се предадени за понатамошна постапка, се вели во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Тетово: при претрес на неговата куќа пронајдено оружје
Вчера околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Љ. од Тетово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Скопје, три лица пријавиле каснување од куче скитник.
На 07.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Г.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 07.01.2025 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(39) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 07.01.2025 во 12.35 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Д.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсена жена од Турција на скопскиот аеродром, фалсификувала билет за лет до Истанбул и белгиски пасош
Вчера, во 14.20 часот, на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“ на излез од државата полициски службеници ја лишиле од слобода 32-годишната С. Д. од Република Турција затоа што при контрола приложила фалсификуван онлајн-билет за лет Скопје – Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа.
Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.