Контакт

Македонија

Промовиран петтиот извештај од мониторингот на работата на Собранието

Објавено пред

Во рамките на проектот на „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ Граѓанската асоцијација МОСТ денес го објави петтиот извештај од набљудувањето на работата на Собранието на РМ кој содржи податоци за неговата работа во периодот 1 јануари 2018 – 31 март 2018 година.

dobivaj vesti na viber

Од анализата на обработените податоци, наодите за работата на Собранието, комисиите и пратениците ги пренесуваме интегрално.

Анализа на законодавните постапки и фреквенциите на изменување на законите

• Во периодот 1 јануари 2018 – 31 март 2018 година во Собранието во тек биле вкупно 172 постапки за донесување или изменување на закони. 59 закони се донесени, 107 закони се во процедура, а 6 се повлечени;
• Од донесените закони, 6 се нови, 43 се измени на постоечки закони, а 10 се ратификации;
• Процентот на донесени закони, предложени од пратеници (28,6%) продолжува да биде висок, за разлика од првиот извештај кога 93% од донесените закони беа предложени од владата;
• 18 закони се донесени по скратена постапка (36,7%), а 31 (63,3%) по редовна постапка; За првпат во текот на спроведувањето на проектот бројот на закони донесени по редовна постапка е поголем од бројот на закони донесени по скратена постапка.
• Најмногу закони (34) се донесени во јануари (71%);
• Во еден ден, на 30 јануари 2018, донесени се вкупно 16 закони, сите предложени од владата, што претставува 32,7% од вкупниот број донесени закони во набљудуваниот период; на 15 јануари 2018, донесени се вкупно 13 закони, сите во редовна постапка, од кои само 1 закон е на предлог на пратеници. Ова претставува 27,1% од донесените закони во набљудуваниот период;
• Во набљудуваниот период донесени се 2 закони за хармонизација со правото на ЕУ.

Анализа на работата на комисиите

• Во периодот 1 јануари 2018 – 31 март 2018 година седници одржале 15 од 21 комисија. Работата на комисите се анализира преку три категории: транспарентност, квалитет на записници и вклученост на засегнати страни;

• Транспарентност:
 8 од 15 комисии (Комисија за култура, Комисија за европски прашања, Комисија за надворешна политика, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисија за образование, наука и спорт, Комисија за финансирање и буџет, Комисија за одбрана и безбедност и Комисија за економски прашања) имаат добиено над 50 индексни поени од можни 100; Ова претставува подобрување во однос на претходниот период на набљудување кога имаше само 3 вакви комисии;
 7 комисии ги имаат усвоено сите записници во набљудуваниот период;
 записниците од седниците на комисиите не се објавени на веб-страницата на Собранието;q
 во текот на набљудуваниот период одржани се 4 јавни расправи по предлог-закон и 1 јавна расправа на општа тема, а објавени се стенографски белешки од 4 расправи и извештаи од 2 расправи;
 Транспарентноста на работата на комисиите е на повисоко ниво за разлика од претходниот период на мониторинг.

• Квалитет на записниците:
 6 од 15 комисии кои се индексирани во категоријата квалитет на записници имаат добиено над 50 индексни поени, а 6 комисии имаат добиено помеѓу 30 и 50 индексни поени. И во овој сегмент има подобрување во однос на претходниот период на мониторинг кога имаше само 1 комисија со над 50 индексни поени и 3 комисии од 30 до 50 индексни поени;
 ниту една комисија не ги исполнила во целост пропишаните деловнички одредби за водење на записник од седниците, но квалитетот на записниците е на повисоко ниво во споредба со претходниот период на мониторинг;
 неунифицираниот начин на водење и недоволниот квалитет на записниците, како и на објавените извештаи не овозможуваат целосен увид во работата на комисиите.
 Законодавно-правната комисија и Комисијата за култура продолжија да имплементираат дел од препораките на МОСТ за водење на записниците.

• Вклученост на засегнати страни:
 во периодот на мониторинг одржани се 4 јавни расправи по предлог-закон и 1 јавна расправа на општа тема, од 5 различни комисии;
 во периодот на мониторинг не е одржана надзорна расправа;
 не е спроведена ниту една јавна дискусија, а само на 3 седници биле присутни експерти и граѓански организации како засегнати страни;
 покрај присуството на пратеници кои не се членови на комисиите, на седниците претежно доминираат претставници на извршната власт.

Анализа на работата на пратениците

• 94 закони биле предложени од вкупно 52 пратеници.
• Донесени биле 14 закони предложени од пратеници, и тоа 9 по предлог на вкупно 14 пратеници во овој период на мониторинг и 5 закони предложени во претходниот период на мониторинг;
• Во процедура се 86 закони поднесени од пратеници, и тоа 80 закони предложени од вкупно 50 пратеници и 6 закони предложени во претходниот период на мониторинг;
• Повлечени биле 5 закони предложени од пратеници;
• Во набљудуваниот период нема закони кои се недонесени/неприфатливи, а се предложени од пратеници.

Повеќе информации може да се најдат во целосниот извештај објавен на веб-страницата http://otvorenosobranie.mk.

Проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ се спроведува од март 2016 година и предвидува објавување на периодични извештаи за Индексот на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието. Овие редовни извештаи ја информираат јавноста, медиумите и граѓанските организации за работата на пратениците, и за начинот на кој Собранието ја извршува својата улога регулирана со Уставот на РМ.

Македонија

Андоновски на средби со технолошки лидери во САД: разговарано за теми од клучно значење за развојот на безбедна дигитална инфраструктура

Објавено пред

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers).

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои: вештачка интелигенција и нови технологии со фокус на доверливост и валидација, сајбер безбедност и национална сајбер-отпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.

Средбата вклучи разговори со Beth Meinert (виш потпретседател и генерален директор), како и со Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност, и како институциите можат да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Министерот Андоновски имаше можност да го посети и иновацискиот центар за истражување на MITRE, известува Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски заедно со владината делегација, која ја сочинуваат Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, и Златко Перински, Министер за локална самоуправа, остварија средба и со претставници на Microsoft, при што разговараа со Коззета Гарет, General Manager for Cyber Security Services во Microsoft, за актуелни предизвици и можности за унапредување на сајбер безбедноста, зајакнување на отпорноста на јавните системи и поддршка на дигиталната трансформација.

Делегацијата во САД ќе присуствува и на Молитвениот појадок, како дел од официјалната агенда на посетата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Сопиште денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет2 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа2 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет2 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет3 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија3 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија16 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија17 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија18 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија18 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија18 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија19 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија19 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет23 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет24 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет1 ден

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет1 ден

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет1 ден

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 ден

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...