Македонија
(Видео) Обвинет во „Насилство во Центар“ отишол на службен пат – не дојде на судење

Александар Трајковски, еден од обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ на специјалното јавно обвинителство, не се појави на денешното рочиште затоа што бил на службен пат во Хрватска. Неговиот адвокат достави решение од градоначалникот на општина Гази Баба дека Трајковски како советник бил поканет на настан во Хрватска.
Поради неговото отсуство, рочиштето е одложено, а следното е закажано за 6 јуни. Обвинителката Фатиме Фетаи побара да бидат закажани повеќе рочишта затоа што, како што рече, ова е најстариот предмет на СЈО.
За насилството пред објектот на Општина Центар што се случи во 2013 година првообвинет е експремиерот Никола Груевски. Освен него, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување насилството пред општина Центар во јуни 2013 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.