Спорт
Марадона до Меси: Уживај во фудбалот, не слушај ги критичарите
Поранешниот играч и селектор на Аргентина, Диего Армандо Марадона, го советува Лионел Меси како да се однесува на претстојното Светско првенство во Русија. Аргентинската легенда смета дека неговите сонародници не се во најтесниот круг на фаворити за ос…

Поранешниот играч и селектор на Аргентина, Диего Армандо Марадона, го советува Лионел Меси како да се однесува на претстојното Светско првенство во Русија. Аргентинската легенда смета дека неговите сонародници не се во најтесниот круг на фаворити за освојување на титулата.
„Би го советувал Меси да продолжи да игра и да ужива во фудбалот. Треба да заборави на сите оние што го критикуваат и што дебатираат на темата дали тој може да го освои СП или не“, рекол Марадона за магазинот „4-4-2“.

Поранешниот аргентински селектор не е воодушевен од актуелниот селектор Хорхе Сампаоли чија работа во минатото често ја критикувал.
„Не мора ништо да докажува. Не го знам Сампаоли, не знам каква игра форсира, но знам многумина од играчите и сигурен сум дека ќе дадат сè од себе. Мислам дека имаат добра шанса да го освојат трофејот. Сепак, не би се согласил со констатацијата дека Аргентина е фаворит. Фаворитите никогаш не победуваат“, дополнил човекот што на Аргентина ѝ ја донесе титулата во 1986 година.
Аргентина на СП е во Д-групата со Исланд, Хрватска и Нигерија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

