Спорт
Дисквалификација на Јевтиќ, Поп Арсова победничка на „Охрид трчат 2018“
Андријана Поп Арсова е победи на трката на 10 километри во Охрид, откако организаторот ја дисквалификува српската репрезентативка Оливера Јевтиќ. Како што соопшти организаторот Јевтиќ ја „скратила“ патеката за 360 метри.
„Организаторот на Охрид трчаТ, …

Андријана Поп Арсова победи на трката на 10 километри во Охрид кога организаторот ја дисквалификува српската репрезентативка Оливера Јевтиќ. Како што соопшти организаторот, Јевтиќ ја скратила патеката за 360 метри.
„Организаторот на ‘Охрид трчат’, асоцијацијата на спортови ‘Спорт за сите – сите за спорт’, со жалење ја известува целокупната спортска јавност дека натпреварувачот Оливера Јевтиќ од Србија со стартен број 910 при трчањето на вториот круг на трката на 10 километри ги прекрши правилата на патеката и на таков начин ја скрати патеката за 360 метри. По прибирањето на дополнителните информации, фото, изјави на учесници и посебно изјавите на судиите Марјан Бошалески и Пеце Георгиевски, задолжени за судиското место ‘Кеј Македонија’ – хотел ‘Ројал’, одлучивме натпреварувачот со стартен број 910 да го дискфалификуваме од трката на 10 километри во конкуренција жени. На таков начин официјален победник на 10 километри на „Охрид трчат 2018“ во женска категоријата е Андријана Поп Арсова, втора е Миљана Ристиќ, а трета е Весна Кираџиева“, се вели во соопштението на организаторите.
Инаку, Јевтиќ на целта имаше време 35:42 минути, односно пет и пол минути беше побрза од Поп Арсова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Роси е новиот тренер на Џенова
Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми.
„Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А.
Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела.
Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да го ангажира пред паузата во првенството.
Исто така, раководството реагираше брзо бидејќи очекуваше Де Роси да добие понуда од друг клуб.
Џенова го отпушти тренерот Патрик Виеира на 1 ноември откако тимот не победи на ниту еден натпревар во првите девет кола од Серија А.
Оттогаш, тимот го предводеа Роберто Мургита и Доменико Кришито, а во понеделник, Џенова ја оствари својата прва победа во лигата, против Сасуоло со 2:1 и се искачи на 18-то место на табелата со шест бода.
Спорт
Втор ден од четвртото коло, дербито е во Манчестер
По првиот ден од натпреварите од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони, само Баерн и Арсенал имаат максимален учинок, а од другите учесници во реформираното натпреварување, само Интер може да ги следи.
Најпривлечниот натпревар вечерва ќе се одигра во Манчестер. Тимот на Пеп Гвардиола за противник ја има Борусија Дортмунд. Во првите три рунди двата тима имаа по две победи и едно реми.
„Колку е важна оваа серија од два домашни натпревари во Лигата на шампионите? Многу. Не велам дека ќе биде лесно бидејќи Дортмунд секогаш дава сѐ од себе во ова натпреварување. Тие секогаш стигнуваат во подоцнежните фази. Но, со девет бода повеќе ќе се квалификуваме. Блиску сме до место меѓу првите осум“, пресмета стратегот на Сити, Гвардиола.
Лига на шампиони, 4.коло:
Пафос – Виљареал 18.45 часот
Карабаг – Челзи 18.45
Ајакс – Галатасарај 21.00
Бенфика – Леверкузен 21.00
Клуб Бриж – Барселона 21.00
Интер – Каират 21.00
Манчестер Сити – Борусија Д. 21.00
Њукасл – Атлетик Билбао 21.00
Марсеј – Аталанта 21.00
Спорт
Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември
Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната.
„Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор првенствено за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Направивме сериозен чекор во таа насока. Ни требаат позиции од кои ќе биде полесно да се бориме за финалето“, рече Компани, објавија германските медиуми.
Баерн е на првото место на табелата на ЛШ со 12 бода, исто колку и второпласираниот Арсенал. Фудбалерите на Арсенал и Баерн ќе се сретнат на 26 ноември во Лондон во петтото коло од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Баерн одиграа 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и ги забележаа сите 16 победи.

