Контакт

Свет

Саудиска Арабија ги издаде првите 10 возачки дозволи на жени

Објавено пред

Саудиска Арабија соопшти дека денеска ги издала првите 10 возачки дозволи на жени, но активистките кои се бореа за правото на жените да возат и понатаму се во притвор во земјата.

dobivaj vesti na viber

Единствената земја во која на жените им е забрането да возат планира да ја укине таа одредба на 24 јуни, а првите 10 дозволи на жените денеска им беа врачени во Министерството за сообраќај. Пред да ги добијат дозволите, 10-те жени поминаа брз тест за возење бидејќи тие веќе имаат возачки дозволи од други земји – Велика Британија, Либан и Канада.

Ненадејниот потег на Ријад следеше откако четири активистки сè уште чекаат во притвор на одлуката дали ќе им се суди, откако почнаа кампања за право на жените да возат. Како едeн од обидите за модернизација и реформи на Саудиска Арабија, престолонаследникот принцот Моахамед Бин Салман минатата година донесе уредба со која од средината на годинава им е овозможено на жените да возат во земјата.

Свет

Експлозии и пожари во подземна гаража во Швајцарија: има загинати и повредени

Објавено пред

Две лица загинаа, а 11 се повредени во неколку експлозии и пожари на подземен паркинг на солитер во швајцарскиот град Нусбаумен во Аргау, соопшти кантоналната полиција.

dobivaj vesti na viber

Во полиција синоќа околу 19 часот биле пријавени неколку експлозии, а пожарот кој до доаѓањето на пожарникарите се проширил на првиот кат бил изгаснат до 23 часот, јавува „Свис инфо“.

Жителите на солитерите биле евакуирани и засега не им било дозволено да се вратат во становите, а локалните власти итно им обезбедиле живеалишта.

Во акцијата за гаснење биле вклучени три хеликоптери.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Се согласував со Путин

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се согласувал со рускиот лидер Владимир Путин иако нивниот однос не бил секогаш мазен.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот американски претседател додаде дека му е полесно да се справува со силни отколку со слаби лидери.

„Војната во Украина никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Срамота е. Толку мртви луѓе од двете страни, толку градови, села и згради се уништени. Да бев претседател, ништо од ова ќе се случеше, а тоа не се случи за четири години од мојот мандат“, рече Трамп, додавајќи дека ако повторно стане претседател, може да ја врати почитта што САД ја изгубија.

Трамп, како што наведе, бил добар и со Владимир Зеленски и со Владимир Путин, со кои, како што рече во интервју, се уште има добри односи.

Во исто време, според Трамп, тој бил груб кон неговиот руски колега, а како пример го навел фактот дека ја саботирал изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ – најголемиот руски проект.

Тој додаде дека гасоводот е наменет за снабдување со гас на цела Европа, а особено на Германија.

„Ги прашав Германците: „Зошто го правите ова? Ние ве браниме во НАТО, а вие планирате да плаќате милијарди долари месечно на Русија? Ние ве браниме, а вие им давате толку пари на луѓето од кои ве браниме? “, рече Трамп и се пофали дека ја спречувал изградбата на „Северен тек 2“, од што Владимир Путин не бил задоволен.

Сепак, нивниот однос остана добар, додаде Трамп. „Интересно е што ми е полесно да градам односи со силните отколку со слабите. Со слабите не се согласувам многу добро“, рече Трамп.

Самиот Путин во интервју за Такер Карлсон во февруари изјави дека има добри односи со Трамп. На почетокот на јуни, на средба со странските медиуми, Путин рече дека на Русија и е неважно кој ќе биде на чело на САД, бидејќи нема да има големи промени.

„Никој во Америка не е заинтересиран за Украина, тие се заинтересирани Америка да биде моќна и голема. Тие не сакаат да дозволат Русија да успее бидејќи тоа го гледаат како закана за нивната хегемонија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Следните претседателски избори во САД ќе се одржат на 5 ноември 2024 година. Главни ривали во изборната трка се американскиот претседател Џозеф Бајден и Доналд Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Во лизгање на земјиштето и поплави на Хималаите загинаа најмалку десетина луѓе, илјадници туристи беа блокирани

Објавено пред

Најмалку 10 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиште во хималајските региони во Индија и Непал по обилните врнежи во четвртокот, соопштија локалните власти. Обилните врнежи оставија 2.400 туристи блокирани во североисточната индиска држава Сиким.

dobivaj vesti na viber

Според официјални лица, шест лица загинале во индиската држава Сиким, а уште четворица загинале од лизгање на земјиште во соседната непалска провинција Коши, пишува Си-Ен-Ен.

„Континуирано врне дожд во последните 36 часа, ги најдовме телата на загинатите и им беа предадени на семејствата“, изјави за Си-Ен-Ен окружниот судија во Сиким, Хем Кумар Четри, додавајќи дека најмалку 45 куќи, патишта, мостови и инфраструктурата се „сериозно оштетени“ од врнежите.

Се граничи со Бутан и Непал, североисточната држава Сиким е позната по своите живописни хималајски пејзажи, со 28 планински врвови, 21 глечер и повеќе од 200 езера. Но, како и секој планински регион, тој е подложен на смртоносни поплави и лизгање на земјиштето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија4 часа

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија7 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ7 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија7 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа8 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет8 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион8 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион1 ден

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија1 ден

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија1 ден

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...