Црна хроника
Професорка во училиште во Липково фалсификувала дипломата
Професорка, вработена во основното училиште „Антон Зако Чајупи“ во Липково, фалсификувала диплома од Државниот факултет во Тетово.
Кумановката во 2011 година направила фалсификувано уверение за завршено високо образование од Филолошкиот факултет-Студентска програма англиски јазик и литература при Државниот факултет во Тетово и истото го приложила за работа во основното училиште.Но, била направена проверка во евиденциите на факултетот и било констатирано дека наведеното уверение го нема во евиденциите на Државниот факултет во Тетово. Против дваесет и осумгодишната кумановка е поднесена кривична пријава./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.