Европа
Меркел: Германија нема никогаш да ги заборави нацистичките стравотии
Германија нема никогаш да ги заборави „незамисливите стравотии“ што ги сториле нацистите во концентрационите логори, изјави во неделата на одбележувањето на 70-годишнинаа од ослободување на нацистичкиот логор Дахау германската канцеларка Ангела Меркел.
Во емотивниот говор одржан пред околу 120 некогашни логораши од 20 земји и шест американски војници кои учествувале во ослободувањето на овој концентрационен логор подигнат во периодот на нацистичка Германија во Втората светска војна, канцеларката Ангела Меркел изјави дека Дахау и другите логори, ослободени кон крајот на војната, се трајни потсетници на бруталноста на нацистичкиот логор, се истакнува во извештајот на Reuters.
„Поранешните концентрациони логори се во фокусот на интересот последните неколку седмици поради одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на логорашите во повеќе логори. Тука се извршени незамисливи злосторства. Тие стравотии не’ потсетуваат дека никогаш не смееме да ги заборавиме (…) и не, нема никогаш да ги заборавиме. Нема да ги заборавиме и поради жртвите, поради самите нас и поради идните поколенија“, рече Меркел, којашто инаку е првата германска челничка којашто во 2013 година го посети логорот Дахау.
„Никогаш не смееме да ги затвориме очите, ниту да ги покриваме ушите пред злоставувачите, пред оние кои се закануваат или ги напаѓаат лицата за кои велат дека се Евреи или дека застанале во одбрана на Израел“, додаде германската канцеларка.
Истакнувајќи дека ѝ претставува голема чест што се наоѓа меѓу логорашите кои го преживеале нацистичкото „варварство“, Меркел, родена девет години по завршување на Втората светска војна, истакна дека „јудаизмот е дел од нашиот идентитет“, истакнува во својот извештај AFP.
Германските нацисти го основале концентрациониот работен логор Дахау во 1933 година, неколку седмици по доаѓањето на власт на Адолф Хитлер, со цел таму да ги затвораат своите политички противници. Но набрзо логорот станал прототип за целата мрежа слични логори во кои на грозоморни начин биле убиени шест милиони Евреи, и повеќе милиони Руси, Полјаци, Роми…
Во моментите кога американските војници го заземале логорот на 29-ти април 1945 година, во него имало 200.000 луѓе. Снимките што ги направиле екипите кои ги придружувале американските трупи од логорот на смртта се гледаат измачени, прегладнети логораши и безживотни тела нафрлани на купишта, и се првите снимки од стравотиите на логорите и холокаустот коишто ги виде светот.
„Тоа за нас преставуваше страшен шок, но никогаш нема да го заборавиме восхитот со кој не’ прегнуваа и поздравуваа. Нацистите не успеаја да го скршат нивниот дух“, раскажа Алан Лакенс, поранешен американски војник. Жан Самуел, припадник на француското движење на отпорот, Евреин, раскажа дека тоа е најубавиот ден во неговиот живот. „Кошмарот конечно заврши“, рече./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

