Црна хроника
Помала група одржа протести во Чаир

Помала група на демонстранти одржа протести во саботата изразувајќи незадоволство од судска одлука на Основниот Суд Скопје 1 за казнување на шесте обвинети за случајот “Монструм” со доживотен затвор.
За разлика од вчерашните протести кои беа масовни и се одржаа пред седиштето на судот, денеска помала група протестираше пред зградата на Општина Чаир.
Според изјави на очевидци, групата од стотина, претежно млади лица скандирала и фрлала камења кон припадниците на полицијата и општинската зграда.
Полицијата со употреба на шок-бомби успеала да ја растера групата.
Главната улица „Цветан Димов “ беше затворена од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ кон општина Чаир.
Силно полициско обезбедување и денеска е присутно во тој дел од градот со цел да се оневозможи евентуална ескалација на протестите.
Во вчерашните нереди беа повредени 20 полицајци и неколку демоснтранти, а приведени се шест лица. /крај/
Извор: protesti, monstrum,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.