Топ
Кривична пријава за кумановец кој одгледувал и продавал марихуана во Скопје

Единицата за недозволена трговија од Скопје поднесе кривичнa пријавa против 35-годишен кумановец, под сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Како што наведуваат од МВР, на 08 јуни полицајци го легитимирале пријавениот на улица „Лазар Поп Трајков“ при што кај него била пронајдена полиетиленска кеса со растителна материја.
По добиената усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено престојувал кумановецот Д.З., пронајдени и одземени биле 147 саксии со канабис, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети MDMA, дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели.
На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев, младиот живот изгубен на пешачки од несовесен возач вреди две години, а за ќебапи пет години затвор

Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја пора на општественото живеење, воспоставувајќи нов систем на криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како еден од секторите кој најмногу настрадал од ова седум годишно владеење се судството. Седум години по ред судии и обвинители, како на кастинг, се бираа во Струмица, директно од Зоран Заев.
Сега истите тие луѓе на Заев сместени во судско обвинителските фотелји делат неправда или пак истата ја распродаваат.
Всушност, ова и не треба да не изненадува, затоа што Заев ни најави дека ќе го отвори судството како пупка.
И сега, ова правосудство со луѓето на Заев е отворено, баш како неговите најавени пупки.
Најнови во низата кои го потврдуваат ова се членовите на Судскиот совет. Тие пред некој ден заседаваа и донесоа одлука со која што оправдуваат одлука на судија, кој донел пресуда од две години затвор за возач кој усмртил млада девојка која прописно поминувала на пешачки.
Ова расцветано судство по примерот на пупките на Заев влева недоверба и ја убива надежта кај граѓаните дека е можна правда во Македонија, затоа што за нив одземен млад живот на пешачки премин вреди само две години затвор, а за украдени ќебапи пресудува пет години.
Токму ваквите непромислени и од јавноста неоправдани постапки одлуки на членовите на Судски совет, беа причината поради која на нив им беше изгласана недоверба од пратениците во македонското Собрание.
Сите овие членови во Судскиот совет се луѓе на Заев кои се бирани во време на владеењето на СДС и ДУИ. И истите овие, наместо да поднесат оставки по изгласаните интерпелации, тие продолжуваат да делат и да оправдуваат неправдата, газат врз правдата и со тоа ја уриваат и уништуваат државата.
Но, на сето ова мора да му дојде крајот. Одговорност треба да има и овој гнил правосуден систем мора ќе падне. На државата и граѓаните им треба правосуден систем составен од лица со висок морален кредибилитет кои ќе работат исклучиво во нивен и во интерес правдата“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.
Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец над 70 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните од 10 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 6, а максималната 18 степени.
Македонија
Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, а во кој загинаа 61 лице, а повеќе од 100 се повредени. За тројца од осомничените, Обвинителството бара мерката притвор да се замени со куќен притвор.
„Во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.