Црна хроника
Приведен скопјанец што укарал мотоцикл во Градскиот трговски центар

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишник од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело одземање моторно возило, поточно мотоцикл.
Скопјанецот кривичното дело го извршил на 12 април на улицата 11 Октомври во Градскиот трговски центар.
Кога се уверил дека нема никој во близина, со употреба на сила и погоден предмет ја исекол и скинал сајлата од задното тркало на паркираниот мотор по што се упатил во непознат правец.
По преземени мерки од страна на полицијата, разбојникот бил уапсен на 10 јуни и во извршен разговор со него во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.