Македонија
Средбата траеше 2 минути, Иванов ќе има обраќање, информира Кабинетот на претседателот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.
„Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“, информираат од Кабинетот на претседателот Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана.(Општина Сарај)
· Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од с.Долно Лисиче реон околу надвозникот.(Општина Аеродром)
· Oд 09:00 до 13:00 часот, Тутинска, Мара Јосифовска, Драчевска, Јанко Мишиќ, Бранко Заревски (општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 14:30 часот,дел од потрошувачит на ул.51 во с.Волково (општина Ѓорче Петров)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград (општина Студеничани и Зелениково)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, Морани (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 15:00 часот, депонија Дризла, Бато (општина Студеничани)
· Oд 09:00 до 14:30 часот, Булевар Патризански Одреди, зграда бр.129 (општина Центар)
Македонија
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.