Црна хроника
Шест учесници во протестите за „Монструм“ осудени на по три години затвор
Шест учесници во протестите против пресудата во случајот „Монструм“ што се одржаа на почетокот на јули во Скопје се осудени на затворски казни од по три години, соопшти во среда Основниот суд Скопје 1.
„Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска ја објави пресудата за предметот поврзан со протестите кои на 04-ти јули се одржаа пред зградите на Основните судови Скопје 1 и 2 – Скопје, со која обвинетите А.Р., М.Б., Р.Б., А.А., Е.И. и И.М. ги огласи за виновни за кривичното дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од член 385 став 2 в.в со став 1 од КЗ и ги осуди на казни затвор во траење од три години“, соопшти Судот.
Двајца осомничени добија ослободителни пресуди.
„Обвинетиот Р.Б., судот го ослободи од обвинение, додека за обвинетиот Ф.З., јавниот обвинител во завршните зборови го повлече обвинителниот акт заради недостиг на докази“, стои во соопштението.
На шестмината осудени им е продолжен притворот, а судот им наложи да надоместат штета од 1.602.587 денари.
Од Судот информираат дека се работи за првостепена пресуда која не е правосилна и на која обвинетите и одбраната имаат право на жалба пред второстепениот суд.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

