Македонија
(Видео) Иванов кон новинарите: Не шпекулирајте дека јас сум причина за дестабилизација

Претседателот Ѓорге Иванов негира дека ги избркал премиерот Заев и министерот Димитров од неговиот кабинет. На прес-конференција по средбата со бугарскиот претседател Радев, Иванов го повтори ставот дека нема намера да го потпише договорот со Грција, со образложение дека не бил навреме информиран и вклучен во преговрите за спорот за името.
„Никого не сум избркал од мојот кабинет, имавме средба. Првпат имав документ во кој не сум вклучен. Кога го добив тој документ, нема што да зборувам на таа средба. Затоа и средбата толку кратко траеше. Зошто треба јас да го легализирам тој документ? Како што го направиле, без мое учество, така нека го завршат, без мое учество. Тоа е важен документ зашто во согласност со Уставот на Република Македонија претседателот е надлежен за склучувањето меѓународни договори, а претседателот беше исклучен од целиот процес. Зошто сега треба да легализирам туѓа дејност? Тоа е нивна одлука и нивна е одговорноста“, изјави Иванов.
Според него, договорот е спротивен на Уставот и на националниот концезус на државниот врв – против уставни измени и севкупна употреба. Тој додаде дека не прифаќа квалификации дека тој ја води земјата кон дестабилизација и им порача на медиумите да не потпаѓаат под влијанија.
Според агендата, претседателот Иванов требаше да се сретне и со премиерот Бојко Борисов, како и со министерката за надворешни на Бугарија, Екатерина Захариева, но тие ги откажаа средбите со образложение дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.