Европа
Германија го одби грчкото барање за репарација од II Светска војна

Германија во понеделникот објави дека нема никакви шанси на Грција да и’ ја плати отштетата за Втората светска војна, што го побара грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето прво обраќање во парламентот во неделата кога бараше доверба на својата влада, ги изнесе плановите за откажување на програмата за кастрење во грчкиот буџет, отфрлање на продолжување на меѓународниот план за финансиска помош на неговата земај во износ од 240 милијарди евра и вети дека од Германија ќе бара отштета за настаните од Втората светска војна.
Инаку станува збор за прашање што во Атина се потегнува циклично, особено во периодите која земјата се наоѓа пред банкрот поради големите задолжувања, па така и барањето за воена репарација во 2013 година го разгледуваше поранешната влада на Антонис Самарас, која одлучи дека сепак нема да го активира.
Во понеделникот германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, одлучно ја отфрли ваквата можност. „Веројатноста на Грција да и’ исплатиме отштета е нула“, реле Габриел додавајќи дека пред 25 години е потпишан договор кој ги оневозможува таквите барања од грчка страна.
Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот и’ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија и’ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, смета дека овие исплати се несоодветни.
Габриел во понеделникот потсети на „Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија“, попознат како „Спогодбата два плус четири“, којашто во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, потсети Габриел./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин