Контакт

Книги

Свечено отворање на Саемот на книгата

Објавено пред

Во понеделник, во 19 часот на Скопски саем ќе се одржи свечено отворање на Саем на книгата кое ќе го модерира Игор Џамбазов, а на кое ќе се обратат: Даниела Глигоровска, Извршниот директор на Скопски саем, Сашо Димоски, поет, драматург и еден од водечките писатели на поновата македонска генерација прозни автори, и Раде Сиљан, македонски поет, есеист, критичар и преведувач.
 

dobivaj vesti na viber

Во понеделник, во 19 часот на Скопски саем ќе се одржи свечено отворање на Саем на книгата кое ќе го модерира Игор Џамбазов, а на кое ќе се обратат: Даниела Глигоровска, Извршниот директор на Скопски саем, Сашо Димоски, поет, драматург и еден од водечките писатели на поновата македонска генерација прозни автори, и Раде Сиљан, македонски поет, есеист, критичар и преведувач.

 

По повод одржувањето на 28-от по ред Саем на книгата од 12-18 априлна свеченото отворање ќе присуствуваат Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура претставници на дипломатски кор, изложувачи, поканети гости по протокол и медиуми.Повеќе издавачки куќи најавија доаѓање на светски писатели, со кои посетителите ќе имаат можност да се дружат.Така од, „Антолог“ најавија дека доаѓа авторот на „Оксфордски убиства“ Гилјермо Мартинес, најпреведуваниот аргентински писател на XXI век и еден од најчитаните аргентински писатели во моментов, познат како автор на Оксфордски убиства, роман што беше вистинска сензација во Аргентина, Шпанија, Велика Британија, САД, и според кој беше снимен истоимениот холивудски хит со Џон Харт и со Илајџа Вуд во главните улоги.

„Антолог“ досега има објавено четири од книгите на овој писател со исклучителен прием од страна на читателите. Повод за оваа посета е токму огромниот интерес за делата на Мартинес, но и новообјавениот мистичен трилер Бавната смрт на Лусијана Б., во превод на Огнена Никуљски. Промоцијата на книгата и средбата со авторот ќе се одржат на 14 април, со почеток во 17 часот, на штандот на „Антолог“ во Метрополис арена.Волф Oшлис од Германија – македонист, публицист, преведувач и политички аналитичар и Ана Багрјана од Украина – писател и преведувач, се гости на „Македоника литера“Проф. д-р Волф Ошлис на штандот на Македоника, на 14 април, ќе има средба со читателите и пријателите, при што ќе ја потпишува својата книга „Гермакедонија (студии за македонско-германската заемност низ вековите), која ја објави Македоника, а за која авторот е награден со државната награда за публицистика „Мито Хаџи Василев Јасмин“.На 16 април на штандот на Македоника литера ќе биде промовирана книгата за деца „Приказни од скопскиот парк“ на Ана Багрјана, во присуство на авторката, а книгата излегува токму за овој саем на книгата. Во организација на Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, гости на Меѓународниот саем на книгата во Скопје ќе бидат српските писатели Сунчица Дениќ и Мирослав Михаиловиќ.Сунчица Дениќ е годинашен добитник на меѓународната награда за литератураљ за деца и млади Ана Франк, што ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент.Мирослав Михаиловиќ, исто така, е познат српски писател, уредник на Книжевната заедница Бора Станковиќ, основач и координатор на Борина недела во Врање.Средбата со Дениќ и Михаиловиќ ќе се одржи на 12 април во 12 часот на штандот на Феникс на Саемот на книгата во Скопје.Издавачката куќа Готен со девет нови книги и двајца гости, Виктор Хорват и Пјер Џ. Мејлак, добитници на наградата на ЕУ за литература на Саемот на книга На претстојниот Меѓународен саем на книгата во Скопје, Издавачката куќа Готен ќе понуди девет нови книги.  За првпат на македонски ќе биде претставена една од најреномираните германски авторки, Терезија Мора, со романот Сеништето, кој ги собра сите најзначајни германски награди. Oд домашните автори ќе го објавиме финалистот на наградата Роман на годината, Берт Стајн, со новото мултижанровско дело, Еден час и триесет минути. Од регионалните автори ги објавуваме Неџад Ибрахимовиќ со Инкапсулирани тела, Срѓан Срдиќ со Сатори и Аријан Лека со Домашна змија, за кое академик Луан Старова напиша вдахновен поговор.Гости на саемот ќе бидат Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, добитници на Европската награда за литература. Нивните наградени дела, Турско огледало на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и Ноќта те разубеди на Пјер Џ. Мејлак,  во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот.Меѓу многубројните промоции кои ќе се случуваат на штандот на Просветно дело на претстојниот Саем на книгата, централно место имаат оние на збирката раскази Да се љуби и да се умре на Карибите од Исидора Бјелица и Дрво на животот на Кристина Ковач. Еден од најхрабрите љубовни романи последниве години, Дрво на животот, ќе биде промовиран во четрток, 14 асприл во 13 часот. За оваа исклучителна љубовна приказна ќе поразговараме со познатата српска композиторка и пејачка Кристина Ковач на која ова ѝ е прв роман. Присутните на штандот на Просветно дело ќе може да добија посвета со автограм од авторката лично. Да се љуби и да се умре на Карибите е втора книга од Бјелица во издание на Просветно дело, по објавувањето на нејзиниот роман Сама. Оваа збирка раскази не е само приказна за скриениот раj, тоа е книга во коjа потсвеста на авторката, нејзиното скриено jас, пишува за себе, за болеста, за стравот, за краjот на животот многу години пред тоа навистина да се случи. Промоцијата на оваа книга ќе се случи во петок, 15 април од 13 часот кога Бјелица ќе биде присутна на штандот на Просветно дело. Просветно дело на годинешниов Саем на книгата ќе ги претстави и изданјијата од новите едиции лиценцирани наслови за деца како Миа и јас, Нинџа желки, Дора истражува и Сунѓерот Боб. /крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија10 часа

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија11 часа

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија11 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија12 часа

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички,...

Свет15 часа

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел...

Европа18 часа

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион18 часа

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет19 часа

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет19 часа

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет19 часа

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија19 часа

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...

Топ1 ден

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет1 ден

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ1 ден

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура2 дена

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија2 дена

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...