Спорт
Лоренцо „шефуваше“ и во Каталонија!
Хорхе Лоренцо неодамна најави дека ќе замине од Дукати и ќе се пресели во Хонда, и тоа како да му ја „препороди“ кариерата, откако тој стигна до својата втора победа во низа на Каталонското ГП во Барселона.
Шпанскиот трикратен светски шампион првпат ст…


Хорхе Лоренцо неодамна најави дека ќе замине од Дукати и ќе се пресели во Хонда, и тоа како да му ја „препороди“ кариерата, откако тој стигна до својата втора победа во низа на Каталонското ГП во Барселона.
Шпанскиот трикратен светски шампион првпат стигнува до две победи во низа во Мото ГП од трките во Ле Ман и Муџело во 2016 година, и секако носи насмевка на лицата на шефовите на Хонда, кои следната сезона ќе го имаат во својот тим.
Светскиот шампион Марк Маркез на Хонда, го зголеми водството во генерален пласман со второто место, додека Валентино Роси е трет за да има три последователни подиуми со својата Јамаха. Топ 10 ги комплетираат Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда), Дани Педроза (Хонда), Маверик Вињалес (Јамаха), Жоан Зарко (Мовистар Јамаха), Данило Петручи (Прамак Дукати), Алваро Баутиста (Дукати) и Андреа Јаноне (Сузуки).
Лоренцо водеше во секој круг од трката која донесе многу „жртви“ – немаше доволно класификувани возачи во поени (топ 15). Маркез со второто место сега има 27 поени пред Маркез, додека Лоренцо и неговиот колега од Дукати, Андреа Довициозо (кој не ја заврши трката) заостануваат 49 поени зад Маркез.
Лоренцо му го предаде водството на Маркез на стартот, а го помина и Андреа Јаноне, но до крајот на кругот се врати на првото место. Возачот на Дукати не успеа да избега во следните неколку круга бидејќи Маркез беше блиску зад него, додека остатокот од ривалите беа веќе далеку по пет круга. По десетина круга борба, времињата на Маркез паднаа и беше јасно дека Лоренцо ќе дојде до убедлива победа.
Фото: ЕПА
It’s HAMMER TIME ?@lorenzo99 put the hammer down and nobody was catching him!#CatalanGP pic.twitter.com/otO0LzKLJM
— MotoGP™? (@MotoGP) June 17, 2018
Incominggg ?@takanakagami30 takes out the unsuspecting @BradleySmith38!#CatalanGP pic.twitter.com/T9ITlhjj2e
— MotoGP™? (@MotoGP) June 17, 2018
Nightmare for @AndreaDovizioso! He’s crashed out of third! ?
His Championship challenge takes another hit! ? #CatalanGP pic.twitter.com/oBJRNG9VkQ
— MotoGP™? (@MotoGP) June 17, 2018
The pole man leads the #CatalanGP ?@lorenzo99 has made his way to the front and is looking to break clear! pic.twitter.com/ZpfuhXIeyu
— MotoGP™? (@MotoGP) June 17, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми.
Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик.
Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари. Трпението на сопственикот Евангелос Маринакис е при крај.
Двата натпревари по репрезентативната пауза ќе бидат клучни. Нотингем Форест ќе игра против Челси во Премиер лигата и против Порто во Лига Европа на „Сити Граунд“.
Спорт
Валентин Вашеро е сензационален победник на Мастерсот во Шангај

Валентин Вашеро оствари сензационален триумф на Мастерсот во Шангај. Тој во финалето го победи својот братучед и поранешен колеџ соиграч Артур Риндеркнеш со 4-6, 6-3, 6-3 и го освои првиот АТП турнир на ова ниво.
Тенисерот кој е рангиран на 204-та позиција на АТП листата, стана најниско рангиран шампион во историјата на АТП турнејата од 1990 година.
Риндеркнеш го освои првиот сет со 6-4 во гемови, но потоа Вашеро заигра многу подобро. Го доби вториот сет со 6-3, а идентично заврши и решавашкиот трет сет впо финалето.
Спорт
Оставката на Пикси е прифатена, Зоран Мирковиќ ќе ги предводи Србите против Андора

Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора.
Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб.
„По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата функција и нема да патува со екипата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора. В.Д. предводник на српската репрезентација во следниот квалификациски натпревар за Светското првенство ќе биде стратегот на нашата млада селекција, Зоран Мирковиќ, кој веќе се приклучи на репрезентацијата во Ниш во недела наутро, заедно со членовите на стручниот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ“, се вели во соопштението на ФСС.
Извршниот одбор на ФСС ќе се состане во петок, 19 октомври. Тогаш ќе се одлучи кој ќе го наследи Стојковиќ. Засега главен кандидат е Вељко Пауновиќ, иако постои можност и Зоран Мирковиќ да продолжи како селектор на сениорскиот тим на Србија.