Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се кити со туѓи перја, Сугарески да ги засука ракавите и да се фати за работа

Објавено пред

Крајно време е Горан Сугарески и владата на СДСМ да престане да се кити со туѓи перја и проекти започнати и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат денеска од опозициската партија.

dobivaj vesti na viber

Оттаму додаваат дека наместо средби со градоначалници и пресови на кои промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за транспорт и врски треба, како што велат, да ги засука ракавите и да се фати за работа.

„Бруто домашниот производ во првиот квартал од 2018 има катастрофален раст од 0,1 процент, а за 2017 година растот на БДП изнесуваше 0 проценти. Најголема причина за падот на бруто домашниот производ е падот од 37 проценти во градежништвото, а особено падот во нискоградбата, во која спаѓа изградбата на автопати, патишта регионални и локални патишта. Ова е најдобриот показател дека Сугарески не работи ништо и е еден од клучните виновници за ваквиот поразителен економски резултат“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека дополнителен показател за неработењето на Сугарески е и катастрофалната реализација на капиталните инвестиции кои за првиот квартал за 2018 изнесуваат очајни 10,9 проценти.

„Сугарески и Заев ветуваа 500 километри автопат, а Заев во повеќе наврати изјави дека во моментот во Македонија се градат 800 километри патна мрежа. Каде се 500 километри автопат кои беа ветени во предизборната програма на СДСМ? Каде се градат 800 километри патишта за кои говори Заев? Бројките покажуваат нешто сосема поинаку, а Зоран Заев повторно лаже“, наведуваат од опозициската партија.

На крајот, во соопштението се констатира дека на Македонија и се потребни нови инфраструктурни проекти и пред се реализација на постојните, а не продавачи на ветер и магла како Горан Сугарески.

Македонија

Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

Објавено пред

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

dobivaj vesti na viber

„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во Крушево.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор, Сиљановска-Давкова рече дека е „време за нова пролет на нашата македонска република, за навраќање на републиканските корени“.

Што значи тоа? Македонските граѓани од својата република очекуваат барем две нешта ̶ слобода и правда. Кога зборувам за слобода, не мислам само на политичката, туку и на економската, на академската, на културната, на социјалната… Кога зборувам за правда, не мислам само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и на генерациската правда. Не смееме да изумиме дека предуслови за слободата и за правдата се владеењето на правото и еднаквоста пред законот“, истакна претседателката.

Таа додаде дека „мора да го искорениме плевелот на корупцијата и на криминалот“.

Никој не смее да биде недопирлив, независно дали е поранешен или актуелен политичар или функционер, судија или влијателен бизнисмен. За правдата да биде неселективна и навремена, потребни се забрзани и длабоки реформи во правосудството, а тие почнуваат со европска правна рамка, но и со европски критериуми на регрутирање, како и со европски стандарди на функционирање и одговорност“, вели Сиљановска-Давкова.

Според неа, потребен ни е здравствен систем по мерка на здравјето на пациентите и на нацијата. За креативните умови, потребни се инвестиции во образованието и науката, во истражувањето, во развојот и дигитализацијата.

Претседателката се осврна и на пожарите.

Деновиве, републиката ни е во пламен. За помалку шумски пожари, потребен е не само правен, туку и ефикасен институционален систем, вистински луѓе на важни позиции, вградена превентивна и волонтерска димензија, стимулативни мерки за пожарникарите, пожарникарството и за волонтерите. И овие активности се во ек. За да се заштити здравјето на луѓето и на природата, мора да ставиме крај на дивите депонии и на нивното палење, но и да имаме контрола врз палењето“, вели претседателката.

Сиљановска-Давкова истакна дека имаме потреба од длабоки и суштински реформи во секоја област по европска мерка: со заштитени слободи и права, со владеење на правото и бескомпромисна борба со корупцијата; со стратегиски партнерства со државите со заеднички вредности и интереси; со независни и функционални институции; со компетитивна економија и со капитални инвестиции; со партиципативна политичка култура.

Ние не сме стебло без корен. Нашата слобода и нашата република се вкоренети во европската пролет на народите, во демократските и хумани визии на „Млада Европа“. И затоа, на оној што ќе ни рече „вие сте млад народ со млада држава“, ќе му одговориме дека сме чеда на Гоцевата визија за „Млада Европа“ обединета Европа, и за светот како поле за културен натпревар на народите!

Колку и да ни е тешко, не треба да се обесхрабруваме од пречките и препреките. Сме опстоиле и сме надминале и потешки проблеми. Не сме сами. Имаме пријатели – демократи кои го почитуваат нашето право на национален и културен идентитет, на граѓански дигнитет и интегритет зашто и самите го сакаат и уживаат. Верувам во нивната поддршка и помош. Тие не се плашат да укажат и да се спротивстават на двојните стандарди и на анахроните обиди за ревизија на историјата.

Ние не се откажуваме од природниот пат кон членството во ЕУ, оти отсекогаш сме дел на Европа: географски, историски и културно, зошто да не и политички. Едноставно, ние балканските народи и нации сме биле, сме и ќе останеме Европејци.

Цврсто сме решени како што беше европски зацртано да стигнеме до целта до 2030 година, европеизирани по словото на Копенхагенските критериуми!“, рече претседателката Сиљановска-Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филков од Пелинце: АСНОМ нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност

Објавено пред

Министерот за правда, Игор Филков, беше дел од владината делегација која оддаде почит по повод 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

dobivaj vesti na viber

„Денес сме овде, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, за да оддадеме почит на државничката визија и храброста на генерациите кои пред 81 година го поставија темелот на нашата државност.

Првото заседание на АСНОМ не е само историски момент, туку жив доказ дека борбата за правда, слобода и достоинство е темел на нашето постоење како народ и држава.

Како министер за правда, должност ми е да го чувам тој завет – да се грижам за правна држава, за независни институции и за заштита на човековите права.

Нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност. АСНОМ ни остави обврска, а ние имаме должност таа обврска да ја преточиме во дела“, истакна министерот Филков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија8 часа

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија8 часа

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...

Македонија10 часа

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. „Илинден е сржта на...

Македонија22 часа

Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Бакиу во Скопје – ВЛЕН ги објави кандидатите за градоначалници

Централното претседателство на ВЛЕН ги избра кандидатите за претстојните локални избори. Во Тетово за нов мандат ќе се бори актуелниот...

Топ23 часа

Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство. Двајцата браќа, по потекло од струшко,...

Македонија1 ден

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои...

Македонија1 ден

Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи од ноември поради изборите, и да даде оставка, Владата е во лавиринт, вели Мицкоски

Од ноември Владата ќе продолжи со процесот за разрешување на државниот обвинител онаму каде што застана, рече денес премиерот Христијан...

Македонија1 ден

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано...

Економија1 ден

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот...

Топ1 ден

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач што имал слепило, а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во...

Македонија1 ден

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро – матно“ за јули 2025 година, во кој се евидентирани...

Свет1 ден

Трамп ја објави листата на нови царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји во целиот свет...

Македонија1 ден

Македонија со царина од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична...

Македонија1 ден

Денес, втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток...

Македонија2 дена

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ2 дена

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...