Црна хроника
Семејството на старешината на Храмот Свети Сава загина кај Гевгелија

Во тешката сообраќајна несреќа, која во саботата изутрина се случи кај Гевгелија, загина сопругата и двете деца на старешината на Храмот Свети Сава, Радивој Паниќ, објави „Блиц“.
Паниќ во несреќата е тешко повреден, а во несреќата загинале неговата сопруга Т.П. (45), синот Н.П. (18) и десетгодишната ќерка.
Паниќ со тешки повреди е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.
Како што дознава „Блиц“, семејството Паниќ околу полноќ тргнале од Белград за Грција, каде Радивој во наредните 20 дена требало да држи служби.
Инакu, Храмот Свети Сава е најголем православен храм на Балканот и втор во светот по Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва.
Несреќата се случила кога автомобил „рено меган“ со српски регистерски ознаки, во кое било семејството Паниќ, удрил во бетонски столб. Претходно „реното“ удрило во „фиат“ со гевгелиска регистрација. Во другото возило нема повредени. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.