Црна хроника
Деветмина мигранти пронајдени во автомобил на автопатот Штип-Скопје, возачот им побегнал на полицајците
При извршен преглед во автомобил на автопатот Штип-Скопје, чиј возач успеал да ѝ побегне на полицијата, биле пронајдени деветмина мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три од Пакистан.
Како што информираат од МВР, рано утрово околу 01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај местото наречено Канда, полицајци од Свети Николе дале знак за запирање автомобил „алфа ромео“, без регистарски ознаки.
Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на филтер-станицата возачот го запрел автомобилот и побегнал, а по извршениот преглед, во возилото биле пронајдени деветтемина мигранти.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

