Македонија
На 3 јули Сеад Кочан и обвинетите во „Труст“ ќе слушаат 10 нови бомби на СЈО
Бизнисменот Сеад Кочан, заедно со уште Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како обвинети во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, на 3 јули во кривичниот суд ќе треба да преслушаат нови 10 бомби на специјалното јавно обвинителство. Од СЈО за „Макфакс“ потврдија дека станува збор за 10 јавно необјавени прислушувани материјали, кои биле пронајдени додека траела судската постапка.
Прислушуваните материјали до судот се предложени во дополнувањето на доказната постапка. Досега во овој предмет беа пуштени три прислушувани телефонски разговори од 2011 година, од кои два меѓу Кирил Божиновски, поранешен секретар на владата, и Влатко Чинговски, поранешен директор на ЕЛЕМ, и еден меѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски.
Кочан и другите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска на 12 и 13 јули, пак, ги закажа завршните зборови за случајот по што се очекува да биде донесена пресуда за овој предмет на СЈО.
Кочан и другите обвинети, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и ВАТО, се обвинети дека со фалш документи учествувале на тендер на „Електрани на Македонија“ во вредност од 17 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.