Спорт
Ола откри зошто пропаднал трансферот на Фекир во Ливерпул
Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола открил зошто во последен момент пропаднал договорениот трансфер на Набил Фекир во Ливерпул. Фекир беше на „Енфилд“, ги мина лекарските преледи, но Лион во последен момент реши да не го пушти напаѓачот во Ливерпул.
„…
Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола открил зошто во последен момент пропаднал договорениот трансфер на Набил Фекир во Ливерпул. Фекир беше на „Енфилд“, ги мина лекарските преледи, но Лион во последен момент реши да не го пушти напаѓачот во Ливерпул.
„Набил беше блиску до Ливерпул, но јас не го одобрив трансферот. Премногу долго траеше целата работа околу трансферот, поради тоа и не го реализиравме. Набил е извонреден играч“, истакнал Ола.
Доколку беше реализиран, трансферот на Фекир требаше да изнесува 68 милиони евра.
Веднаш потоа се појавија информации дека за Фекир се интересира и европскиот првак Реал, а Ола само ги потврди тие гласини.
Кога пропадна трансферот во Ливерпул многу тимови го открија интересот за Фекир, не само Реал и нивниот нов тренер“, истакнал првиот човек на Лион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Интер за полувреме „пукна петарда“ во Верона
Интер ја декласира Верона на стадионот „Бентегоди“ со 5:0, во 13.коло во Серија А.
Сите пет гола гостите од Милано ги постигнаа во периодот од 17. до 41. минута.
Аргентинецот Хоакин Кореа го постигна водечкиот гол, а потоа додаде уште две асистенции, за двојниот стрелец Маркус Тирам во 22. и 25. минута.
Последните два гола ги постигнаа играчите од одбраната Стефан де Фрај и Јан Аурел Бизек.
Со овие три бода, шампионот на Италија го престигна лидерот Наполи и сега е на чело на табелата со 28 бодови, два повеќе од избраниците на Антонио Конте, кои својот натпревар од 13. коло го играат в недела против Рома.
Спорт
Енди Мареј му биде тренер на Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ има нов тренер, тоа е неговиот долгогодишен ривал Енди Мареј. кој неодамна ја заврши кариерата.
Ѓоковиќ е без постојан тренер од крајот на март, кога ја прекина речиси петгодишната соработка со Горан Иванишевиќ.
Извесен период тренер му беше Ненад Зимоњиќ, потоа таа функција ја извршуваше Борис Бошњаковиќ (претходно имаше важна улога во тенискиот центар Новак), а на последните неколку турнири од годината Новак беше без тренер. На патото до олимпиското злато со него во улога на тренер беше селекторот на Дејвис куп репрезентацијата на Србија, Виктор Троицки.
Најдолго тренер на Новак беше Марјан Вајда, а негови тренери беа и Андре Агаси, Радек Штепанек, Тод Мартин.
Договорот е постигнат во пресрет на правење стратегија за следната сезона, со фокус пред се на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Новак ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл.
Досега го има освоено трофејот во Мелбурн во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.
„Со нетрпение очекувам да ја започнам сезоната покрај Енди и да го имам покрај мене во Мелбурн. каде што споделивме толку многу одлични моменти во текот на неговата кариера“, истакна Ѓоковиќ.
По првиот Грен слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, Ѓоковиќ и Мари ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.
Спорт
(Видео) Валенсија против Бетис ја прекина лошата серија
Фудбалерите на Валенсија, по пауза од еден месец одиграа натпревар. „Лилјаците“ одложија два натпревари поради катастрофалните поплави кои го погодија овој шпански регион.
Валенсија ја забележа втората победа во сезоната прва по 21.септември. На „Местаља“ падна Бетис со 4:2. Мечот го обележа напаѓачот на Валенсија, Уго Дуро.
Уго Дуро, поранешен играч на Реал Мадрид и Хетафе најпрво му асистираше на Цезар Тарега за водечкиот гол на „лилјаците“ во осмата минута, а си постигна автогол за израмнување само шест минути подоцна. Дуро потоа од само три минути (во 50. и 53.) и даде два гола предност на Валенсија.
Диего Лопез го зголеми водството на домашните во 56. минута, а само неколку минути по влегувањето во игра искусниот Аргентинец Чими Авила постигна гол за тимот од Севилја и го постави конечниот резултат.
Валенсија со два натпревари помалку е зоната за испаѓање на 18. место. Бетис е на седмото место со 20 бодови.
Во следното коло „лилјаците“ гостуваат кај Мајорка, додека Бетис патува во Сан Себастијан каде ќе игра со Реал Сосиедад.